Коректорите за природен гас се уреди што ја коригираат потрошувачката на гас, мерен со помош на различни трансмитери на потрошувачка, вклучително турбински, ротациони, ултразвучни, бленди и други. Врз основа на импулсите што влегуваат во него, коректорот врши автоматска PTZ корекција според температура, притисок и состав на гасот. Унисист Инженеринг е еден од европските производители со лидерски пазарни позиции во решенија за мерење, управување и мониторинг во областа на распределбата на гасот. Производите на компанијата се одликуваат со висок квалитет, сигурност и прецизност и се докажани како сигурен избор при изведбата на голем број индустриски проекти.

„Нашиот тим од искусни и висококвалификувани специјалисти го проектираше, испорача, имплементираше и помогна за реализацијата на системот за контрола на акцизни стоки во многу даночни складишта во земјата. Ова е интегрирачки комуникациски уред за набљудување и контрола (ИКУНК), кој ги следи средствата за мерење во даночниот склад и пренесува информации до сервер на „Царинската управа“, раскажаа за BalkanEngineer.com од Унисист Инженеринг. „Наши производи, исто така, ја формираат основата на системот за известување до информацискиот систем на „Царинската управа“ на компанијата за распределба на гас Газинженеринг ДОО, прецизираа уште од компанијата.
Решението се состои од контролна точка и ИКУНК, кои обединуваат турбински мерач на потрошувачка за природен гас, сензори за притисок и температура, како и електронски коректор на потрошувачка модел CF300 на Унисист Инженеринг. „Мерачите на потрошувачка од серијата CF300 се наменети за мерење на потрошувачката на гас во сите сектори на индустријата. CF300T е секундарен конвертор за турбински мерачи на потрошувачка на гас, кај кои со мерење на вртежите на турбински сензор е можна автоматска корекција на температурата и притисокот на гасот “, додадоа уште од Унисист Инженеринг.

Унисист Инженеринг ДООЕЛ
Адреса: Софија, Бугарија, п.к. 1582 населба Дружба, бул „Цветан Лазаров“ 144
Телефон: +359 2 886 1203, +359 2 886 3237; +359 2 886 0562
E-mail: office@unisyst.bg
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

Извор на фотографии: Унисист Инженеринг, ©Engineer BG via Canva.com