Рајхле и Де-Масари Бугарија Продакшан: Произведуваме оптички компоненти и производи на светско ниво
2018-08-293 мин.
Reichle & De-Massari AG (R&M) е швајцарска компанија, водечки производител на кабли со оптички влакна, мрежни кабли и компоненти за изградба на квалитетни комуникациски мрежи (xPON, LAN, MAN, WAN). Во 2012 година компанијата ја отвори својата фабрика во Бугарија - Рајхле и Де-Масари Бугарија Продакшан ДООЕЛ. „Фабриката кај нас произведува и нуди оптички компоненти, решенија за поврзување, производи и иновативни решенија“, раскажаа за BalkanEngineer.com од Рајхле и Де-Масари Бугарија Продакшан.


Производите произведени од R&M се одликуваат со својата висококвалитетна, традиционална швајцарска прецизност и одличен дизајн. „Ова се само дел од квалитетите кои и заработуваат на компанијата лидерски пазарни позиции не само во Швајцарија, но и во уште над 40 земји, на територијата на кои компанијата има свои трговски претставништва“, појаснија од Рајхле и Де-Масари Бугарија Продакшан. „За лидерските позиции на R&M исто така придонесуваат одржуваните од компанијата блиски односи со клиенти и партнери“, додадоа од фирмата.


Глобалниот раст на компанијата важи во сета сила и за производствената база во Бугарија. До денес, тимот составен од специјалисти во различни области, меѓу кои дизајнери, конструктори, инженери и оператори во производството, брои над 300 луѓе, а оваа бројка продолжува да расте. „Растот на тимот е директно поврзан со порастот на производствените нарачки. Продолжуваме да бараме нови колеги, кои да му се приклучат на нашиот тим“, додадоа од бугарската компанија.
Рајхле и Де-Масари Бугарија Продакшан ДООЕЛ нуди различни програми за развој на своите вработени, стажантски програми и разновидни проекти за иновативни производи и решенија.

R&M е основана пред повеќе од 50 години, во 1964 година, од тогаш до денес активно учествува и во обликувањето на бројни меѓународни стандарди. Компанијата има воспоставен систем за управување со квалитетот со што обезбедува континуирано подобрување на производите, услугите и процесите. Меѓу поседуваните од R&M сертификати се EN ISO 9001 и ISO 14001.
Повеќе информации за Рајхле и Де-Масари Бугарија Продакшан ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.
Извор на фото материјал: Рајхле и Де-Масари Бугарија Продакшан ДООЕЛ
