Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Преносливите тестери PAT100 на Megger обезбедуваат брзо, лесно и сигурно тестирање за електрична безбедност

09 may 2024

In Bulgarian In Albanian  In Serbian

 

Серијата тестери PAT100 на Megger вклучува рачни преносливи уреди кои се користат за брзо и лесно тестирање со цел да се обезбеди електрична безбедност во секакви услови, вклучително канцеларии, продавници и бизнис центри. Нивната сигурна функционалност е погодна за обучителни организации и спроведување на интензивни курсеви. „Благодарение на заштитното гумено куќиште и каленото стакло отпорно на гребење, тестерите PAT100 се исклучително робусни инструменти. Напојувањето со батерии ги претвора тестерите од серијата PAT100 во оптимален избор на инструмент за локации каде што нема електричната енергија. Исто така за намени кои се незгодни или опасни, особено на градилиштата и во магацините. Серијата PAT100 ги исполнува сите европски барања за тестирање на електрична безбедност“, соопштија за BalkanEngineer.com од компанијата.

 

 

Тест групите овозможуваат автоматско извршување и правилна доследност на тестовите со минимална интервенција од страна на корисникот. Ова обезбедува лесна работа, го намалува времето на тестирање на минимум и помага за спречување на оперативни грешки.

 

Тестерот PAT120 е најпоедноставениот, робустен и рентабилен модел во серијата, кој обезбедува тестови од класа I (заземјување), класа II (двојна изолација) и тестирање на енергетски и продолжени кабли со фиксни гранични значења за успешно поминување на тестот. Тој може да тестира како изолација, така и опрема со заштита од пренапони на два тест напони: 500 V (стандардно) или 250 V за тестирање на информатичка техника или опрема што е заштитена од електрични празнења.

 

За олеснување на тестирањето на капакот на PAT120, се покажани потребните врски за секое тестирање. Уредите се испорачуваат во пригодна заштитна футрола со ремен за закачување на вратот што може да се симнува и го прави тестирањето полесно кога нема соодветна површина врз која да се работи. Ова го овозможува носењето на уредот заедно со мерните кабли, дневниците и друго.

 

 

Тестерите PAT150 се целосно функционални уреди за тестирање на преносливи диференцијално – струјни заштити RCD (PRCD) со 10 mA и 30 mA. Со помош на копчето за брз тест (QT) се мери континуитетот и херметичкото дихтување на изолацијата, се вршат тестови на струја на истекување и SELV мерења за безбеден низок напон. Границите за направен тест во соодветната тест група и времетраењето на тестот може да се конфигурираат од корисникот. „Отпорот на поврзувачкиот проводник може да се ресетира за да се намалат грешките при мерењето. Можно е исто така мерење на колото под напон за тестирање на поларитетот на електричната мрежа и на контактот или наизменичниот напон до 300 V. Уредите се користат исто така и за тестирање на стационарни апарати“, додадоа уште специјалистите од Megger.

 

Адреса: Бугарија, Софија, бул. „Ситнаково“ 35

Телефон: +359 943 4803; +359 2 846 8294; +359 887 783 514

Е-mail:  alexander.georgiev@megger.commegger.bg@megger.cominfo.bg@megger

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фотографии: Megger

 

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 20 january 2025Инженеринг ЕАД: Извршивме целосна електрична изградба на високотехнолошката фабрика за електрични елосипеди E-Velox

    Фабриката за електрични велосипеди E-Velox, чија активност започна во 2023 година, е дел од структурата на првата бугарска компанија за производство на електрични велосипеди. Во изградбата на објектот учествуваше и компанијата Инженеринг ЕАД како подизведувач на електричниот дел од проектот. „Објектот е нова високотехнолошка фабрика на компанијата инвеститор Лидер 96 за производството на електрични велосипеди. Фабриката е сместена во индустриската зона на град Куклен, во близина на Пловдив“, соопштија од компанијата за BalkanEngineer.com.

  • 20 january 2025Филкаб Солар: Врз основа на нашето богато искуство, можеме да понудиме персонализирани решенија во енергетскиот сектор

    Филкаб Солар е водечка компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија во секторот на обновливата енергија, со посебен фокус на сончевата енергетика. Компанијата е дел од бизнис групацијата Филкаб, која има над 25 години искуство во енергетскиот сектор. Нејзиното седиште се наоѓа во Пловдив и вклучува неколку специјализирани компании како што се Филкаб Солар, Инженеринг и Филкаб Фајар Системс, кои обезбедуваат експертиза во различни сегменти од индустријата. Филкаб Солар нуди проектирање, набавка на материјали, изградба и одржување на фотонапонски системи за различни намени, вклучително мрежни, автономни и хибридни соларни системи. „Учествуваме во проекти како во земјата, така и во странство, при што нашиот фокус е на обновливата енергија и поконкретно фотонапонските системи“, коментира за BalkanEngineer.com г-дин Слав Ландов, управител на Филкаб Солар.

  • 17 january 2025Со реплицирани контролни уреди од Rochester, производител од воената индустрија успева да избегне скап редизајн

    Интегрирањето на неоригиналните полупроводнички компоненти во критични системи носи сериозни ризици. Ова особено важи за индустриски сектори, како што е воената индустрија, каде што безбедноста на луѓето е од огромно значење и во голема мера зависи од правилното функционирање на уредите. Документирани се бројни инциденти, предизвикани токму од лошата работа на фалсификувани полупроводници, кои предизвикуваат сериозни дефекти и проблеми со здравјето и безбедноста на луѓето.

  • 15 january 2025SpaceCAD: Solid Edge X на Siemens е иновација што ги надминува можностите на обичните CAD софтвери

    „Решението за облак Solid Edge X на Siemens не е едноставно CAD софтвер. „Тоа е иновација во дигиталниот свет, обезбедувајќи флексибилност, приспособливост и пристапност од која било локација и во секое време“, коментираа за BalkanEngineer.com од водечката инженеринг и трговска компанија во сферата на специјализираните софтверски производи и 3D технологии SpaceCAD. Производите Solid Edge® X се претходно конфигурирани решенија за софтвер како услуга (SaaS). Тие ги обезбедуваат истовремено можностите за високоефикасно компјутерско проектирање (CAD) на софтверот Solid Edge, како и сите поврзани предности од SaaS.

  • 15 january 2025Центрифугалните пумпи на Saer се справуваат со проток од 10.000 кубни метри на час во наводнување на оризов насад во Парагвај

    Да се пумпаат 10.000 кубни метри на час вода е сериозна задача, како и да се гледа на тоа. Со тоа сепак се справуваат пумпите од серијата NCBK од италијанскиот производител Saer Elettropompe. „При реализацијата на индивидуален проект за наводнување на оризови насади во Парагвај, користени се 8 едностепени центрифугални пумпи NCBK 800-670, кои работат при проток од 10.000 кубни метри на час и 10 метри потисок. Моделот е разработен специјално за примени кои бараат многу високи стапки на проток, при што димензиите на куќиштето ги исполнуваат, па дури и го надминуваат EN 733.

  • 17 january 2025Технологијата за автоматизација на згради AББ одржува оптимални услови во стаклени иглуа со поглед на Поларната светлина

    Специјално проектирани стаклени иглуа им нудат на туристите во Лапонија и Гренланд перфектна можност максимално да уживаат во магијата на Поларната светлина, позната уште како Aurora borealis. Докажаното искуство и технолошките знаења на AББ, во комбинација со применетите системи кои работат на базата на KNX стандардот за автоматизација на згради на компанијата, гарантираат нивно функционирање без проблеми дури и во предизвикувачки климатски услови.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 16 january 2025Албанија го обновува тендерот за изградба на пристаниште во Драч со буџет од 400 милиони евра

    Албанија го обновува тендерот за изградба на ново пристаниште во Драч (Дурас), проценета на 400 милиони евра, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Администрацијата на пристаниште на Драч (DPA), која управува со најголемото пристаниште во земјата, го најави повторното отворање на постапката за првата фаза од изградбата на пристаниште во реонот на Порто Романо, сместен северозападно од сегашниот објект. Таму ќе бидат преместени сите операции за обработка на товари.

  • 14 january 2025Производствениот сектор во Србија забележа раст од 4,4% за 2024 година

    Индустриското производство во Србија забележува зголемување од 1,0 % на годишно ниво во ноември, дозна BalkanEngineer.com од податоци на српскиот Завод за статистика. Овој раст е значително поскромен во споредба со октомври, кога е забележано зголемување од 8,1%.

  • 10 january 2025Србија потпиша договор за 720 милиони евра со PowerChina за изградба на метрото во Белград

    Србија направи уште еден чекор кон модернизацијата на транспортната инфраструктура на главниот град, потпишувајќи договор во вредност од 720 милиони евра со кинеската компанија PowerChina, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Спогодбата опфаќа проектирање и изградба на Етапа 2 од првата фаза од линија 1 на белградското метро, ​​како и купување на специјализирани машини за копање на тунели.

  • 09 january 2025АВЕЕ инвестира во нова фабрика за автомобилски батерии во Северна Македонија

    Белгиската компанија Avesta Battery and Energy Engineering (ABEE) започна со изградба на фабрика за батериски системи за електрични автомобили во град Кичево, Северна Македонија, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Во почетната фаза проектот предвидува инвестиција од 10 милиони евра и отворање на 200 работни места, при што плановите се вложените средства да достигнат 40 милиони евра и да се обезбедат 600 вработувања во следните фази.

  • 08 january 2025Албански железници објавија тендер за модернизација на клучна меѓународна железничка врска

    Државниот оператор „Албански железници“ стартува прелиминарен тендер за рехабилитација на 120-километарската железничка пруга што ги поврзува Воре во централна Албанија со Хани и Хотит на границата со Црна Гора. Проектот е проценет на 373 милиони евра и е финансиран преку кредити од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската инвестициска банка (ЕИБ), како и со грант од Европската унија (ЕУ).

  • 06 january 2025OpenAI пушти нова претплата за ChatGPT наменета специјално за инженерски истражувања

    OpenAI ја стартува новата верзија на ChatGPT Pro со цена од 200 долари месечно, наменета за употреба во сферата на инженерството и истражувањето. Ова проширување на популарниот чет-бот е дел од напорите на компанијата да ги прошири индустриските примени на вештачката интелигенција и да ја забрза комерцијализацијата на технологијата што е во основата на глобалниот бум на вештачката интелигенција, дозна BalkanEngineer.com.

Види ги сите »