Мултиинженеринг го гради секој елемент од решенијата што ги произведува со прецизност и размислување за иднината

2025-06-053 мин.

Промени јазик: Albania Serbia

Основана во 2002 година, фирма Мултиинженеринг брзо стекна репутација како водечки производител, добавувач и интегратор на автоматизирани производствени линии за индустријата. Компанијата е тесно специјализирана за конструирањето  и изработката на разни видови транспортери, транспортни ленти и цели транспортни системи од челик и не'рѓосувачки челик. Како последица, фирмата го проширува обемот на своите активности со разработката на специјализирани машини, детали и нестандардна технолошка опрема.


„Автоматизираните технолошки линии се суштински дел од производствениот инвентар на современото претпријатие, со помош на кои се остваруваат сите или повеќето главни и помошни операции што го сочинуваат континуираниот производствен циклус. Опремата што ја конструираме наоѓа примена во многу индустриски гранки, вклучително прехранбената индустрија, лесната индустрија, печатењето, фармацевтскиот сектор, индустријата за пакување и други. Благодарение на нашата долгогодишна експертиза, висококвалификувани специјалисти и високотехнолошки машински парк, можеме да им понудиме на нашите клиенти висококвалитетни и сигурни решенија, целосно прилагодени на барањата на конкретното производство“, објаснија за BalkanEngineer.com од Мултиинженеринг.

 

Индустриските транспортери се основен елемент од автоматизираните производствени системи. Тие се грижат за ефикасниот, непречен и безпроблемен транспорт на разните суровини, материјали и производи до одредените работни места за време на производствениот процес.

 

Мултиинженеринг изработува различни видови и модели на транспортери, кои се карактеризираат со висока ефикасност, сигурност и флексибилност, а некои од нив се:

 

- Лентести транспортери;

- Ролерски транспортери;

- Синџирести транспортери;

- Транспортери со модулна лента;

- Транспортери со метална лента;

- Лифтови и елеватори;

- Транспортерите со кривини.

Централна канцеларија

Адреса: Бугарија, Софија 1784, бул. „Цариградско шосе“ 72 (БАН-ЦПР, НПО)

Телефон: +359 89 852 3739  

Е-пошта: multiengineering@gmail.com;  office@multiengineering-bg.com

 

Филијала Велико Трново:

Телефон: +359 88 837 2116 

Е-пошта: multiengineering@gmail.com; office@multiengineering-bg.com

 

Повеќе информации за ЕТ Мултиинженеринг слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Мултиинженеринг, ©Engineer BG via Canva.com