In Bulgarian
„Барањето на колаборативни роботи се зголеми исклучително брзо во последниве неколку години и повеќе компании, како етаблирани брендови, така и целосно новоформирани фирми почнуваат да нудат коботи. Докажаниот производител на индустриски роботи Han's Robot разработи серија колаборативни роботи Elfin, најмалиот претставник од кои е Elfin Е3 со носивост 3 килограми. Негови клучни карактеристики се компактните димензии, вградените функции за безбедност, лесното програмирање и брзото пуштање во работа“, коментираа за BalkanEngineer.com од канцеларијата на Индустриски роботи ДООЕЛ, ексклузивен застапник на кинеските коботи Elfin за Бугарија и Македонија.
За разлика од традиционалните индустриски роботи, колаборативните се проектирани да работат безбедно заедно со луѓето и затоа имаат друга техничка изведба. „Elfin E3 е целосно функционален колаборативен робот со 6 оски, проектиран за различни видови на активности како пакување, манипулирање, како и прецизна и сигурна обработка на детали. Коботот може да врши лесни (до 3 килограми) еднообразни рачни манипулации кои инаку би одзеле исклучително многу време. Тој може да се програмира да врши и серија на производствени операции“, коментира од Индустриски роботи. Тие можат да варираат од зглобување на мали детали до исклучително еднообразни активности како што се земање и поставување на детали од едно место на друго. Малиот работен дострел од 590 милиметри е погоден за послужување на машини и прилози во тесни простори, поврзани со палетизирање или редење.
При користењето на Elfin E3 не се потребни заштитни прегради и штитови, бидејќи тој e опремен со вградена сензорска технологија која автоматски го запира роботот при допир со неподвижен објект или со човек.
„Коботите Elfin можат да се инсталираат под било кој агол и на било кое место без да има потреба од некаква промена кај производствените линии. Нивното преместувањето бара исклучително кратко време, затоа се особено погодни за мали серии, индивидуално производство или пак за кратки производствени циклуси“, додадоа од Индустриски роботи.
Адреса: Бугариjа, Софија 1362, ул. „Трајан Танев“ 97
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Индустриски роботи ДООЕЛ, Han’s Robot