Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Инж. Георгиев: Индустриски роботи веќе е ексклузивен претставник на Han’s Robot за Бугарија и Македонија

20 september 2018

In Bulgarian

 

„Човекот се стреми кон развој и мисловна дејност, еве зошто едноличните, здодевни и повторливи операции се повеќе и повеќе им се доделуваат на роботски системи“, изјави за BalkanEngineer.com инж. Николај Георгиев, управител на фирма Индустриски роботи ДООЕЛ. Активностите на компанијата вклучуваат продажба, инсталација, програмирање и одржување на нови и користени роботи. Од јуни 2018 година Индустриални роботи е ексклузивен претставник за Бугарија и Македонија на колаборативните роботи Elfin на Han's Group, лидер во производството на роботи, сервомотори и ласерски системи.

 

 

Г-дин Георгиев, што вклучува новиот спектар на роботи што ги нудите на бугарскиот пазар?

 

Elfin се колаборативни роботи со 6-оски, разработени за мали товари. Достапни се во три верзии на товарната носивост - 3, 5 и 10 килограми. Трите вида имаат опсег соодветно од 590, 800 и 1000 мм.

 

Овие колаборативни роботи имаат многу добра производителност, како и компактен дизајн, што ги прави лесни за транспортирање. Нивната флексибилност ги прави погодни за речиси секаков вид на работа која може да биде роботизирана. Нивната сопствена тежина е соодветно 17, 23 и 40 килограми.

 

Секоја од оските врши 360 ° движења, при што брзината на операциите е 90 °/s - за колаборативен робот тоа е многу добра брзина.

 

Што ги разликува роботите на Elfin од други производи во иста класа од техничка гледна точка?

 

Предноста е во тоа што сите мотори се сместени во една линија. На овој начин, точките на сингуларност се многу помалку отколку кај другите слични роботи. Моделот е разработен во 2015 година.

 

 

Ако треба да ги споредиме пазарните цени на овој вид роботи, каде се наоѓа Elfin?

 

Цените на Elfin се исклучително атрактивни и конкурентни. Во споредба со другите широко распространети марки на роботи, нивната цена е пониска за околу 30%. А ако ги споредиме со роботи од највисокиот клас на светски потврдени, традиционални производители, разликата е скоро 50%.

 

Адреса: Бугариjа, Софија 1362, ул. „Трајан Танев“ 97

Телефон: +359 888 736 640

Е-mail: info@roboti.biz

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјал: Инженер.bg, Индустриски роботи ДООЕЛ, Han’s Robot

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »