Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

АББ Бугарија ја модернизира својата база во град Севлиево, Бугарија

11 december 2019

In Bulgarian

 

Бизнисот „Енергетски мрежи“ на АББ Блгарија ДООЕЛ ја обнови својата производствена база во град Севлиево. Обновени се производствените капацитети како и административната зграда“, соопштија од компанијата за BalkanEngineer.com.

 

 

Базата на АББ Бугарија во градот се наоѓа на површина од 14.500 м2 и во неа се остваруваат активности поврзани со инженеринг, монтажа и тестирање на клучни напонски компоненти за комплетни дистрибутивни уреди со гасна изолација и генераторски прекинувачи. Фабриката, исто така, произведува комплетни кондензаторски уреди, батериски системи за складирање на енергија и дисконектори.

 

„Проектот на зградата се заснова на идејата за „LEAN производство“, според која се оптимизираат производствените процеси за да го намали времето, просторот и користениот капитал. Концептот користи техники за да се постигне најдобар квалитет во согласност со критериумите во индустријата“, објаснија од тимот на АББ Бугарија.

 

„Со нашата база во град Севлиево ќе ја зајакнеме нашата производствена мрежа на регионално и глобално ниво. Исто така, ќе обезбедиме испорака на компоненти со висок квалитет, што пак ќе ја подобри ефикасноста при послужувањето на нашите клиенти“, изјави г-дин Џузепе Русо, управител на АББ Бугарија – филијала Севлиево.

 

Обновувањето на базата го покажува иновативниот пристап на компанијата. Оваа промена не е само во надворешноста на зградата, туку и ќе ги стимулира нашите вработени да работат за попаметна, посилна и позелена компанија“, сподели извршниот директор на АББ Бугарија – Марсел ван дер Хук.

 

Фабриката во град Севлиево стана сопственост на АББ Бугарија во 1996 година, и оттогаш организацијата инвестираше во проширувањето и развојот на фабриката. Во моментов таму работат повеќе од 400 вработени.

 

За Бугарија, друштвото бара да приклучи кон својот тим специјалисти за следните позиции:

 - Project Specialist;

 - Process Quality Engineer Senior;

 - Junior Process Quality Engineer;

 - P&L Regional Expert;

 - Техничар, електрични машини и апарати;

 - Production Engineer;

 - Product Marketing Specialist;

 - Инспектор за Квалитет;

 - Техничар, електрични машини и апарати;

 - Research and Development Engineer;

 - Раководител на Операции на сервисна станица.

 

Централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, Софија 1592, бул. „Витоша“ 89Б, зграда А, кат, 17 Милениум Центар Софија

Телефон: 00 359 2/807 55 00

Е-mail: office@bg.abb.com

 

АББ Блгарија ДООЕЛ – Филијала Раковски, Производствена база 1

Адреса: Бугарија, Стрјама 4142, „Индустрииален пат“ 1 бр. 14

Телефон: 00 359 32/998 800

Е-mail: abb.rakovski-branch@bg.abb.com

 

АББ Блгарија ДООЕЛ – филијала Раковски, Производствена база 2

Адреса: Бугарија, Стрјама 4142, „Индустрииален пат“ 1 бр. 18

Телефон: 00 359 32/348 700

Е-mail: abb.rakovski-branch@bg.abb.com

 

АББ Блгарија ДООЕЛ – филијала Севлиево, Производствена база

Адреса: Бугарија, Севлиево 5400, ул. „Никола Петков“ бр. 32

Телефон: 00 359 675/3 00 37

Е-mail: abb.sevlievo-branch@bg.abb.com

 

АББ Блгарија ДООЕЛ – Филијала Петрич, Производствена база

Адреса: Бугарија, Петрич 2850, ул. „Варна“ 1

Телефон: 00 359 745/5 94 18

Е-mail: abb.petrich-branch@bg.abb.com

 

АББ Блгарија ДООЕЛ – Сервисна база за Турбокомпресори

Адреса: Бугарија, Варна 9009, КРЗ Одесос, Островна зона

Телефон: 00 359 52/807 55 62

Е-mail: turbo@bg.abb.com

 

Повеќе информации за АББ Блгарија ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фото материјалАББ Блгарија ДООЕЛ

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »