Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Нуди работа / Техничар, електрични машини и апарати

05/11/22 назад
АББ Блгариja ДООЕЛ

Конкурирај

  • Бугариjа
  • Петрич
Техничар, електрични машини и апарати

Производствената база на АББ, која се наоѓа во Петрич, произведува нисконапонски производи кои наоѓаат примена во повеќе области – домаќинство, индустрија, инфраструктура, транспорт.

 

Во нашите производствени бази во Бугарија во моментов работат повеќе од 2.300 лица. Компанијата е етаблирана како еден од најголемите работодавачи во областа, давајќи им можност за работа на многу луѓе.

 

Производствената база и канцеларија се наоѓаат во град Петрич, на околу 170 километри од Софија, Бугарија, или на околу 230 километри од Скопје.

 

Во врска со проширувањето на нашето производство, бараме да вработиме:

 

Техничар, електрични машини и апарати

 

Обврски:

- Поправка на машините и опремата во фабриката;

- Профилакса на опремата и електричните инсталации во фабриката;

- Водење на дневниците за отстранување на дефекти;

 

Барања:

- Завршено техничко образование - електро или машински профил;

- Искуство во одржувањето на електричниот и/или пневматскиот дел на машини и опрема;

- Знаење од областа на пневматиката и хидрауликата;

- Познавање на електричните инсталации;

- Вештина да се прочитаат работните шеми на соодветната опрема.

 

Компанијата нуди:

- 8-часовен работен ден;

- Работна облека.

- Одлични работни услови.

 

Ако ова е бараното од Вас работно место и одговарате на наведените барања, ве молиме испратете ни ја Вашата актуелна автобиографија на  bg-careers@abb.com

 или оставете ја автобиографијата на капијата на фирма „АББ Блгарија“ ДООЕЛ, која се наоѓа на адреса: град  Петрич, улица „Варна“ бр.1

 

Телефон за повеќе информации: 074/559 418 или 032/998 897

  • Дипломиран инженер
  • Инженер-магистер
  • Техничар со средно образование
  • Електроинженер
  • Машински инженер
  • Полно работно време
  • Работа во смени
  • Со работно место

Конкурирај

bg-careers@abb.com

Види ги сите

Фирми

  • Орбико - Македонија

    Орбико Македонија е макро дистрибутер на производи за подмачкување Shell Lubricants на македонскиот пазар. Фирмата нуди широк спектар на производи за подмачкување Shell: висококвалитетни моторни, трансмисиски, хидраулични, редукторски, компресорски, турбински и други масла и масти кои помагаат за продолжување на животниот век на машините, зголемување на меѓу - ремонтниот ресурс и намалување на трошоците за одржување.

  • МаккаБ ДООЕЛ

    МаккаБ ДООЕЛ е подружница на водечката, инженеринг и трговска компанија Филкаб АД од Бугарија, која ја застапува дејноста на фирмата на македонскиот пазар. Филкаб е производствена фирма со дејност снабдување, дистрибуција и трговија со: кабелски производи, електрични апарати и средства за автоматизација, електрични апарати за среден напон и многу други.

  • ЕТ Мултиинженеринг

    Мултиинженеринг е инженерска фирма која работи во областа на машиноградбата. Таа е специјализирана за конструирање и изработка на транспортни ленти, транспортери и целосни транспортни системи изработени од челик и нерѓосувачки челик.

Види ги сите »