Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Нуди работа / Инспектор за Квалитет

11/26/19 назад
АББ Блгариja ДООЕЛ

Конкурирај

  • Бугарија
  • Петрич
Инспектор за Квалитет

АББ (ABBN: SIX Swiss Ex) е иновативен технолошки лидер со сеопфатно портфолио за дигиталните индустрии. Продолжувајќи ја својата над 130-годишна историја во иновациите, АББ денес е лидер во дигиталната технологија со четири светски водечки бизниси кои се ориентирани кон клиентите: Снабдување со електрична енергија и електрично опремување, Индустриска автоматизација, Погон и Роботика и дискретна автоматизација, подржувани од вкупната дигитална платформа ABB Ability ™. Водечкиот бизнис Енергетски мрежи на АББ ќе му биде продаден на Hitachi во 2020 година. АББ развива активност во повеќе од 100 земји и има повеќе од 147 000 вработени.

 

Инспектор за Квалитет

 

град Петрич на околу 170 километри од Софија, Бугарија, или на околу 230 километри од Скопје

 

Обврски:

  • Остварува влезна  контрола на квалитетот на сите суровини, материјали и детали;
  • Го контролира и тестира производството за време на производствениот процес, како и готовите производи пред испорака;
  • Работи со машини, апарати и мерни инструменти;
  • Следи за усогласеност со упатствата за квалитет и технологија на производствените процеси;
  • Ја складира и чува техничката и друга документација на компанијата - цртежи, процедури за работа и други;
  • Следи за појава на рекламации во производството, како и за преземање на корективни и превентивни активности против нив;

 

Барања:

  • Средно образование, средно техничко ќе се смета за предност;
  • Вештина за читање и работа со техничка документација ќе се смета за предност;
  • Знаења и практични вештини за работа со мерни машини, апарати и инструменти;
  • Вештина за тимска работа;
  • Можност за работа во смени;
  • Владеење на англиски јазик и компјутерска писменост ќе се сметаат за предност;

 

Компанијата нуди:

  • Работа во етаблирана меѓународна компанија;
  • Воведна обука;
  • Добра плата и социјален пакет;
  • Ваучери за храна;
  • Дополнителни надоместоци;
  • Лична заштитна опрема и работна облека;
  • Места за одмор;
  • Организиран превоз до село Скрт, село Клјуч, село Самуилово, село Коларово, село Беласица; како и до село Кавракирово, село Првомај.

 

Ако ова е работното место што го барате и ги исполнувате горенаведените услови, ве молиме испратете ни ја Вашата актуелна автобиографија.

 

„АББ Блгарија“ ДООЕЛ, ЕМБС 831133152 е администратор на лични податоци, впишан во Комисија за заштита на личните податоци (КЗЛП) со број на идентификација 29074. При аплицирање за работното место Вие доброволно ги давате вашите лични податоци и ние ќе ги обработиме за следниве цели: селекција на кандидати за ова работно место; избор на кандидати за идните работни места што ќе се јават во текот на следните две години, освен ако експлицитно не го изјавите своето несогласување; поврзување со кандидати во однос на целите на селекција и истражување на пазарот на трудот; потпишување на договор за вработување или друг вид на договор. Личните податоци обезбедени за овие цели ќе се чуваат за период до две години и може да му бидат дадени на АББ Бизнис Сервисис Сп.з.о.о. Полска, во својство на обработувач на личните податоци. Имате право да побарате бришење, корекција или блокирање на личните податоци, ако нивната обработка не им одговара на барањата на постојното законодавство или ги надминува наведените цели.

  • Техничар со средно образование
  • -
  • Полно работно време
  • Со работно место

Конкурирај

bg-careers@abb.com

Види ги сите

Фирми

  • Wilo Претставништво Скопје, Македонија

    Wilo Претставништво Скопје е претставништво на меѓународно етаблираната германска компанија Wilo Group - водечки производител на пумпи, пумпни системи за греење, климатизација, водоснабдување, отпадни и дренажа води. Со повеќе од 140-годишна историја компанијата е силно посветена на истражување и развој и во последно време се почесто нуди на пазарот комплетни индивидуални решенија, а не само одделни производи.

  • Шети Бугарија ДООЕЛ

    Шети Бугарија ДООЕЛ е компанија, специјализирана во изработката на единични или комплексни производи од метал. Таа е докажан производител на шарки и механизми за мебел и бела техника, кој тесно соработува со компании во областа на електроиндустријата, машиноградбата, индустријата за мебел, како и во областа на апаратите за домаќинство.

  • Мегер Бугарија ДООЕЛ

    Мегер Бугарија ДООЕЛ е подружница на светски докажаниот производител на контролн – мерни инструменти во областа на енергетиката, телекомуникациите и секторот на водовод и канализација – Megger Group. Компанијата е наследник на Себа КМТ Бугарија откако компанијата и се приклучи на групацијата Megger.

Види ги сите »