Германска групација стекна фабрика за покривни облоги во Романија

2016-12-092 мин.

In Bulgarian.   In English.   In Romanian.   In Serbian.

 

Германската групација Braas Monier, сопственик на производитеот на керамиди Bramak Sibiu со седиште во романскиот град Сибиу,го завршила купувањето на фабриката за покривни облоги Elpreco во Крајова, дозна BalkanEngineer.com од информативниот сајт Romania-Insider.

 

Зделката се очекува да му обезбедува на Braas Monier дополнителни приходи од речиси 5 милиони евра годишно. Групацијата ја заврши зделката за стекнување за речиси 7 милиони евра, се вели во соопштението.

 

 

Фабриката во Крајова ќе генерира приходи од околу 4.9 милиони евра во 2019 година и оперативен профит од 1,6 милиони евра по преценки на Braas Monier. Фабриката на Bramak која групацијата ја поседува во Сибиу, има промет од 11,5 милиони евра и нето добивка од 1.47 милиони евра за 2015 година, според податоците на Министерството за финансии.

 

Elpreco Craiova е еден од најголемите производители на градежни материјали во Романија. Фирмата произведува автоклавен бетон, тротоари, како и цементни структурни елементи.

 

Извор на фотографии: Braas Monier