Австриската компанија Borealis стекна 20% од Неохим

2017-05-172 мин.

In Bulgarian.   In English.   In Romanian.   In Serbian.

 

Borealis, австриски снабдувач на решенија во областа на полиолефини, базни хемикалии и ѓубрива, го стекна целосниот пакет на акции од Феборан ДОО, соопштија за BalkanEngineer.com од компанијата. Со оваа трансакција снабдувачот од Виена станува сопственик и на 20.3% од димитровградското претпријатие Неохим и го засилува своето присуство во бизнисот со ѓубрива во Југоисточна Европа.

 

 

Фирмата Феборан Ltd, сопственик на една петтина од акциите на бугарската фабрика за производство на азотни и фосфорни ѓубрива, амонијак, сулфурна и азотна киселина, е заедничко претпријатие меѓу Borealis (40%) и First Energy Bank of Bahrain (60%). По купувањето на акциите од бахрејнското друштво Borealis станува сопственик на 100 проценти од Феборан ООД и автоматски го стекнува и делот од бугарското акционерско друштво Неохим. Главниот по значајност производ за претпријатието е амониум нитрат, за кој се предвидува раст на продажбата за 2017 година.

 

Извор на фотографии: Неохим