VOSS Automotive отвора фабрика во Ловеч, Бугарија
2018-10-221 мин.
In Bulgarian In English In Romanian In Serbian
Германскиот производител на решенија во автомобилската индустрија VOSS Automotive ќе инвестира 15 милиони евра во близина на бугарскиот град Ловеч, информираа за BalkanEngineer.com од Министерството за економија на Бугарија.

Компанијата објави дека во 2019 година ќе отвори фабрика во село Баховица, општина Ловечка, која ќе биде сместена на околу 15 000 метри квадратни. Според плановите на раководството на фирмата, производството официјално ќе започне во наредните шест месеци.
VOSS Automobile ќе ангажира речиси 1.000 квалификувани вработени.
Фабриката ќе произведува компоненти за издувни системи, а производството е наменето првенствено за патнички автомобили.
Извор на фото материјал: Министерство за економија на Република Бугарија