ENERGA 2016 ќе дискутира за енергетскиот сектор во регионот на Балканот во месец јуни

2016-05-302 мин.

In Bulgarian.   In English.   In Serbian.

 

Меѓународниот енергетски саем ENERGA 2016 ќе се одржи помеѓу 7 и 9 јуни во град Тузла, Босна и Херцеговина, објавија за BalkanEngineer.com организаторите на настанот од Tuzlanski Sajam. Во последните години ENERGA се етаблира како успешен и атрактивен бизнис настан и се вброи меѓу најважните во енергетскиот сектор за регионот на Балканот, додадоа организаторите.

 

 

Енергетските сектори кои ќе бидат претставени на саемот и за кои ќе се дискутира на конференцијата која се одржува паралелно се: производство на електрична енергија, јаглен, добивање и преработка на нафта и гас, сончева, ветерна енергија и енергија од биомаса, како и секогаш актуелната тема за енергетската ефикасност.

 

Повеќе за програмата на настанот и регистрацијата за учество можете да дознаете ТУКА.

 

Извор на фотографии: Tuzlanski Sajam