In Romanian In Albanian In Bulgarian In Serbian In English
Софтверската компанија ASSIST Software, со седиште во романскиот град Сучеава, целосно модернизира делови од својот технолошки центар, правејќи чекор кон дигиталната трансформација, дозна BalkanEngineer.com од Romania-insider.com. Компанијата има на располагање 350 вработени и не сопира да се развива во ИТ секторот во Романија.
Во дизајнот на новиот високотехнолошки центар се вложени иновации и функционалност – креативни сали за состаноци, просторија за VR (виртуелна реалност) и AR (збогатена реалност) доживувања, како и ѕидови на кои може да се пишува. Според шефот на одделот за вештачка интелигенција на компанијата, идејата зад овој центар е тој да послужи како простор каде сите вработени ќе можат да се собираат и да споделуваат нови идеи, наоѓајќи решенија за тешки предизвици.
Инженерите кои развиваат АИ (вештачка интелигенција) решенија во ASSIST Software се сертифицирани од Stanford и Microsoft Azure. Во 2024 година, компанијата беше рангирана меѓу најдобрите романски компании за вештачка интелигенција и машинско учење во статистика на Clutch.
Извор на фотографии: befunky.com