Antares Group инвестира 1 милион евра во втората фабрика за ергономски столици во Романија

2017-04-031 мин.

In Bulgarian.   In English.   In Romanian.   In Serbian.

 

Чешката компанија Antares Group објави дека инвестира 1 милион евра во својата втора фабрика за производство на ергономски канцелариски столици во романскиот град Реметеа, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Инвестицијата ќе отвори 25 работни места, а се очекува нивниот број да се зголеми со зголемувањето на обемот на производството.

 

 

Новото претпријатие ќе зазема површина од 1 400 м² и се планира да помогне за зголемување на годишното производство на компанијата со 60%, како и да се прошири палетата од понудени столици на компанијата.

 

Групацијата е присутна во земјата од 1998 година, кога се отвора првата фабрика во град Клуж.

 

Извор на фотографии: Antares Group