Феро Инвест нуди сеопфатна услуга за фотоволтаични инсталации

2022-12-151 мин.

In Bulgarian  In English  In Romanian  In Serbian

 

Феро Инвест е единствената компанија на пазарот во Северна Македонија која нуди комплетни решенија за изградба на фотоволтаични централи, дозна BalkanEngineer.com од Denar.mk. Услугите на компанијата вклучуваат првичен идеен проект, изведување, одржување на централата и гарантиран откуп  на електрична енергија во иднина.

 

 

Во рамките на групацијата Феро Инвест, работат и други подружници кои нудат различни услуги и компетентно го насочуваат инвеститорот низ сите фази на проектот.

 

Феро Инвест гарантира решение со најбрзи рокови и со најквалитетни компоненти од највисока енергетска класа ААА за изградба на фотоволтаични централи, а со своето портфолио од 100 милиони евра компанијата нуди сигурност за секој инвеститор.  

 

Извор на фотографии: pixabay.com