Турска компанија планира да отвори фабрика за трамваи во Романија
2019-05-072 мин.
In Bulgarian In English In Romanian In Serbian
Турската компанија Durmazlar, која е вклучена во производството на трамвајски линии размислува да отвори фабрика за трамваи во Романија, дозна BalkanEngineer.com од Romania-Insider.com.

Досега, турскиот производител ги изработуваше своите производи во својата фабрика во град Бурса, Турција, при што имаше инвестирано околу 50 милиони долари за двојно зголемување на својот производствен капацитет.
Сега Durmazlar планира да го зголеми своето производство со отворање на фабрика во Романија. Конечната одлука ќе биде донесена во зависност од тоа кои тендери за испорака на трамваи ќе добие компанијата. Турскиот производител доставил понуда до општината во Букурешт за 100 трамваи, но исто така ќе учествува на тендери и за други романски градови.
Извор на фото материјал: Durmaray