ЕУ ѝ додели на Србија 223,7 милиони евра за седум проекти

2022-08-232 мин.

In Bulgarian  In English  In Romanian  In Serbian

 

Грантови во износ од 223,615 милиони евра и додели Европската унија на Србија за инвестиции во седум проекти, дозна Balkanengineer.com од Ekapija.com. Три од нив се во транспортниот сектор, два во енергетиката и по еден во секторите на дигиталната и социјалната инфраструктура, со вкупна вредност од 885,4 милиони евра. Средствата се одобрени во рамките на шестиот повик за избор на предлог проекти од Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија. 

 

 

 

Министерката за европски интеграции и национален координатор за претпристапни инструменти Јадранка Јоксимовиќ објасни дека сите овие проекти се наменети да придонесат за раст на инвестициите во Србија и да ја продлабочат севкупната трговска и економска соработка на Србија со регионот на Западен Балкан и со Европската Унија.

 

Проектите од транспортниот сектор вклучуваат и модернизација на железничката пруга Ниш-Димитровград-граница со Бугарија.

 

Во енергетскиот сектор одобрениот износ од 17.038.367 евра грантови од ЕУ ќе се искористи за реализација на Трансбалканскиот коридор со изградба на интерконекција меѓу далноводи помеѓу Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

 

Исто така ќе се издвојат средства за развој и модернизација на електродистрибутивната мрежа со воведување на современ систем за отчитување на броилата за струја и контрола на потрошувачката на електрична енергија.

 

Извор на фотографија: freepik.com