Германската WIK гради во Македонија фабрика за апарати за кафе вредна 12 милиони евра

2016-12-022 мин.

In Bulgarian.   In English.   In Romanian.   In Serbian.

 

Германскиот производител на електрични апарати и уреди WIK планира во Македонија да отвори фабрика за апарати за кафе во вредност од 12 милиони евра, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Изградбата на претпријатието во град Прилеп, во централниот дел на Македонија, ќе започне во февруари 2017 година.

 

 

Новата фабрика ќе отвори 1000 работни места, а целата продукција на фабриката ќе биде наменета за извоз во Европа.

 

WIK е приватна германска компанија која се занимава со дизајнирање и производство на електрични апарати и уреди. Таа е основана во почетокот на 50-тите години и во неа работат околу 6 000 луѓе, вклучително 350 инженери. WIK поседува производствени капацитети во Германија, Кина и Индонезија.

 

Извор на фотографии: WIK