Македонија беше домаќин на три саеми за градежништво и индустрија

2018-11-081 мин.

In Bulgarian   In English   In Romanian   In Serbian

 

Во периодот од 24 до 28 октомври 2018 година во Скопје, Македонија, паралелно се одржаа 15-от Меѓународен саем на градежништво, 8-от саем за недвижности и инвестиции – RealExpo, и 44-от Меѓународен саем на металургија, електроника и енергетика – Технома, соопштија за BalkanEngineer.com организаторите Скопски саем.

 

 

На специјализираните форуми учествуваа вкупно 70 изложувачи од Македонија, Хрватска, Србија, Бугарија и Грција.

 

Саемите предизвикаа сериозен интерес кај архитекти, градежници, трговски претставници и специјалисти од градежната индустрија, како и кај пошироката јавност, која се повеќе се интересира за најновите информации за производи и услуги во областа на градежништвото и недвижниот имот.

 

Извор на фото материјал: Скопски саем