Yazaki гради фабрика за производство на автомобилски делови во Србија

2016-12-122 мин.

In Bulgarian.   In English.   In Romanian.   In Serbian.

 

Јапонскиот производител на автомобилски делови Yazaki планира да инвестира 25.1 милиони евра во изградба на нова фабрика за кабелски сетови за камиони во градот Шабац, лоциран во северниот дел на Србија, објави за BalkanEngineer.com српското Министерство за економија.

 

 

Јапонската компанија планира да вработи околу 1.700 лица во првата фаза од инвестицискиот проект. Новото претпријатие ќе произведува кабелски сетови за товарните камиони на Daimler.

 

Yazaki експлоатира производствени капацитети во 44 земји во светот со над 280 000 вработени во нив. Во месец јули годинава фирмата започна со изградба на фабрика за 50 милиони евра во Бугарија. Освен во овие две земји, компанијата е застапена на Балканот и со производствени претпријатија во Романија и Хрватска.

 

Извор на фотографии: Yazaki