Меѓународниот саем на градежништво Build & Construct ќе се одржи уште еднаш во Македонија
2017-02-072 мин.
In Bulgarian. In English. In Romanian. In Serbian.
Меѓународниот саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација ќе се одржи уште еднаш во македонската престолнина Скопје, дозна BalkanEngineer.com од организаторите на настанот Skopski Saem/ERA Group. Саемот ќе биде отворен за посетители и излагачи од 28 февруари до 4 март.

„Build & Construct е основан во 2004 година и оттогаш се одржува секоја година, собирајќи го на едно место најавангардното од градежниот сектор во регионот и пошироко“, коментираа уште домаќините.
На саемот ќе се сретнат најновите и напредни решенија во областа на градежништвото, вклучувајќи реконструкција и реновирање на згради, просторно планирање и урбанизам, висока и ниска градба, опрема за ентериер и екстериер, инсталации, изолациски материјали, алати, опрема за бањи, машини и механизација и др.
Извор на фотографии: Skopski Saem / ERA Group