Заврши изградбата на делница од гасоводната мрежа на Македонија

2016-08-182 мин.

In Bulgarian.   In English.   In Romanian.   In Serbian.

 

Заврши изградбата на гасоводната делница Клечовце -Штип во вредност 75 милиони американски долари, објави електронското издание MacedoniaOnline за BalkanEngineer.com. Премиерот на Македонија, генералниот директор на компанијата -изведувач Stroytransgaz, извршниот директор на Македонски енергетски ресурси (MER) - Скопје, како и претставници на руската амбасада присуствуваа на настанот, обележувајќи го финалето на проектот, што се одржа во Штип.

 

Вкупната должина на оваа делница е 61 километри, овозможувајќи забрзано ширење на гасоводната мрежа во цела Македонија. Следната делница, која треба да биде пуштена во август, е Штип – Неготино - Кавадарци. Изградбата на уште две делници (Кавадарци – Неготино – Прилеп - Битола и Скопје – Тетово - Гостивар) е предвидено да започне во септември. Тие ќе бидат следени од изградба на разгранувањето Штип – Радовиш - Гевгелија, кое ќе ги поврзува Македонија со Грција, следено од Струмица - Ново село, кое ќе ја остварува врската со Бугарија, и врската со Албанија Гостивар - Кичево - Струга - Ќафасан.

 

Извор на фотографии: МacedoniaОnline.eu