Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Уредот за корекција на волумен на гас на Унисист Инженеринг помага за постигнување на прецизност во мерењата

26 august 2024

In Bulgarian  In Serbian In Romanian

 

За обезбедување на точност, прецизност и веродостојност на мерењата во областа на здравствената заштита, како и оние кои се поврзани со заштитата на животната средина, јавната безбедност, трговските плаќања, како и државните и општинските побарувања, се врши метролошка контрола. Унисист Инженеринг е добро воспоставена европска производствена, инженеринг и трговска фирма, специјализирана имено во разработката на решенија за управување, автоматизација и мониторинг во областа на дистрибуцијата на гас.

 

 

Уредот за корекција на волумен на гас од тип 1 модел CF500 на компанијата е наменет да го пресметува волуменот на гас врз основа на утврдените параметри за температурата, притисокот и компресибилноста на гасот. „Тои претставува коректор на волумен од новата генерација што може да се конфигурира како T, PT или PTZ коректор. Благодарение на моќните електронски компоненти со кои е опремен, тој помага да се постиге висока продуктивност. Информациите за волуменот влегуваат на влез со ниска фреквенција што може да биде поврзан со кој било компатибилен мерач на проток на гас“, изјавија за BalkanEngineer.com од Унисист Инженеринг.

 

Интегрираната флеш меморија кон уредот овозможува преземање на која било нова верзија на фирмверот преку лаптоп, без потреба од модификација на колото. CF500 овозможува комуникација преку RS485 или GSM порти. Напојувањето е номинално со внатрешна батерија 3,6 V DC (17 Ah). „При работа со GSM комуникација се монтира дополнителна внатрешна батерија од 4,5 V DC, додека при RS485 комуникација се користи надворешно напојување и бариерен блок CF500-POW со напон за напојување од 12 V DC и заштита на комуникациските линии А. и B. Моделот е достапен и во варијанта без комуникациски порти“, коментираа уште од компанијата.

 

 

Унисист Инженеринг ДООЕЛ

Адреса: Софија, Бугарија, п.к. 1582 населба Дружба, бул „Цветан Лазаров“ 144

Телефон: 00359 2 886 12 03, 00359 2 886 32 37; 00359 2 886 05 62

E-mail: office@unisyst.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

 

 

Извор на фотографии: Унисист Инженеринг, ©Elena Photo via Canva.com, ©Industrial Photograph via Canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »