Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Работното коло Open S-tube® на Grundfos пумпите ги спречуваат од блокирање пумпите во канализациска мрежа во Будимпештa

16 may 2024

In Bulgarian  In Serbian  In Romanian

 

Канализациската пумпна станица за мешани води во Будимпешта, Унгарија е опремена со вкупно осум пумпи - две мали, три средни и три големи. Малите пумпи се наменети да пумпаат секојдневни количини на отпадна вода од домаќинствата. Во случај на дожд се вклучуваат трите средни пумпи, а во случај тие да се затнат на помош доаѓаат трите најголеми агрегати. Сепак, овие затнувања се премногу чести и создаваат сериозни тешкотии во процесот на работа на пумпната станица. Затоа операторите на локалното друштво за водовод и канализација се обраќаат до Грундфос за решение на проблемот. Како резултат на тоа, се инсталирани работни тркала Open S-tube®, кои го спречуваат веќе неколку години затнувањето на пумпите.

 

 

„По инсталацијата на трите средни пумпи за отпадна вода во пумпната станица на улица „Erdősor”  во Будимпешта, водоводната компанија Budapest Sewage Works, која ја експлоатира, има постојани проблеми со затнувањето на пумпите. Дури и понекогаш, откако ќе се исчисти некоја пумпа, таа успева да работи само 10 минути пред повторно да се затне. Главната причина е високото ниво на загадување со огромна количина на влакнести материјали. Од друга страна, користењето на трите големи пумпи во слични случаи е исклучиво енергетски неефикасно“, објаснија од Grundfos.

 

Со текот на годините, оперативната компанија прави бројни неуспешни обиди за решавање на проблемот, вклучително и менување на работното тркало на пумпата од 2-канален на 1-канален тип, замена на вшмукувачкото колено, штелување на логиката на контролерот за намалување на можноста за затнување, и изградба на специјален уред за разделување на протокот наречен „перка на ајкула“ кој ја менува турбуленцијата во вшмукувачката цевка. На крајот, сепак, во една од трите пумпи со средна големина беше инсталирано работното тркало Open S-tube® на Grundfos, а друга од нив со моќност од 22 kW, беше целосно заменета, исто така опремена со оваа хидраулика.

 

Полуотворените работни тркала Open S-tube® со два или повеќе канали обезбедуваат висока ефикасност на пумпата и се оптимално решение за работа на фреквентен конвертор во широк работен опсег. Тие се нудат за пумпи Grundfos SE/SL, заедно со сет од хидраулични конструкции, вклучително затворени работни тркала S-tube® и работни тркала со слободен проток SuperVortex. Хидрауличното решение обезбедува сигурна и ефикасна работа со највисоко ниво на продуктивност во сите примени за отпадна вода.

 

 

Уредите Open S-tube® се инсталирани во пумпната станица во април 2019 година и досега работат без затнување и без забележително абење на работното тркало. Овој резултат се заснова на приближно 2.000 работни часови годишно.

 

Грундфос Србија - Продаја

Адреса: Омладинских бригада 90 в 11070 Нови Београд, Србија
Телефон: +381 11 225 8740,
E-mail: zahtevi@sales.grundfos.com

Грундфос Србија - Производња

Адреса: Обилазни пут Север 21 22320 Инђија, Србија
Телефон: +381 22 367 300

 

 

Извор на фотографии: Grundfos, canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »