По втор последователен пат, Либхер-Хаусгерете Марица произведува 1 милион апарати во рамките на една година

2022-03-083 мин.

In Bulgarian  In Serbian

 

„Во 2000 година започнавме со обем на производство од 14.000 апарати годишно. Во декември 2020 година, за прв пат во нашата историја, стигнавме до милионитиот апарат, а оваа година го надминавме овој рекорд уште во ноември“, соопштија за BalkanEngineer.com од бугарската производствена компанија на германскиот концерн Liebherr. „Мотивирани од препознатливоста и големата побарувачка кај нашите клиенти, успеавме да стигнеме до милионитиот апарат за уште пократко време - и покрај ситуацијата поврзана со пандемијата. Им благодариме на сите соработници на Либхер-Хаусгерете Марица за ова достигнување и за нивната исклучителна посветеност!“ коментираа по повод на следниот производствен рекорд господин Герхард Дивалд – извршен директор на  Либхер-Хаусгерете Марица и господин Христо Георгиев, управител на „Финансии и администрација“ во компанијата.

 

 

Либхер-Хаусгерете Марица влезе на бугарскиот пазар во 2000 година. Компанијата се етаблира како водечки производител на висококвалитетни фрижидери, комбинирани фрижидери-замрзнувачи и апарати со горна комора. Апаратите произведени од бугарската компанија се карактеризираат со оптимален комфор при послужување и висока енергетска ефикасност, благодарение на употребата на современи технологии и висококвалитетни материјали.

Зад пазарниот успех на Либхер-Хаусгерете Марица стојат повеќе од 2.000 висококвалификувани и мотивирани вработени. Менаџментот на компанијата постојано инвестира во усовршување на нивните квалификации, како и во обезбедување на поволни и здрави услови за работа.

 

 

Либхер-Хаусгерете Марица обезбедува можности за развој на кариера на технички специјалисти од различни области. Погледнете ги тековните работни позиции на микро страницата на компанијата.

 

Адреса: 4202, Бугарија, Радиново, област Пловдив, индустриска зона Марица

Телефон: 00 359 32/615 414

Е-mail: lhm_jobs@liebherr.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјал: Либхер-Хаусегерете Марица, Liebherr