Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Обуката во центарот за обука на Либхер-Хаусгерете Марица е предуслов за подобра професионална реализација

11 october 2022

In Bulgarian  In Serbian

 

Производствените процеси во секоја компанија се одликуваат со одредени специфики според индустрискиот правец во кој се развива. Во процесот на привлекување нови вработени често е потребно тие да поминуваат низ фаза на обука и запознавање со конкретните барања и методи на работа во соодветната компанија. Така, се гарантираат нивните знаења и вештини и се зголемува нивната производствена ефикасност. Токму во оваа насока работи и центарот за обука и подготовка на технички специјалисти, создаден во Радиново, Пловдив, од страна на Либхер-Хаусгерете Марица. Компанијата е дел од меѓународниот концерн Liebherr и му припаѓа на одделот за бела техника, кој е светски лидер во секторот. Денес ќе ви раскажеме за можностите што ги нуди центарот за обука на компанијата.

 

 

Што претставува обуката  во Либхер-Хаусгерете Марица?

 

Центарот за обука на Либхер-Хаусгерете Марица работи од 2009 година. Концептот на професионална обука во фабриката со која е создаден се заснова на долгогодишна практика која е докажана со текот на времето во Западна Европа, особено во концернот Liebherr.

 

Главната цел на обуката е да привлече млади и мотивирани луѓе кои да се претвораат во перспективни механичари или ракувачи на машини и опрема. Програмата вклучува различни тематски области како и обемна практична обука за современи производствени линии и опрема. Предвидени се исто така и курсеви за развој на лични квалитети како што се вештини за тимска работа, комуникациски вештини, техники за справување со конфликтни ситуации итн.

 

Успешното завршување на курсот на обука дава можност за професионална реализација во компанијата Либхер-Хаусгерете Марица.

 

Придобивки од обуката:

 

- Учесниците на курсот добиваат месечен надоместок за време на обуката;

- Обуката може да се комбинира истовремено со вонредно студирање на универзитет;

- По успешното завршување, учесниците на курсот добиваат уверение за професионална обука, кој е документ признаен од државата.

 

 

Како да аплицирате во центарот за обука?

 

Кандидатите кои сакаат да се обучуваат во центарот на Либхер-Хаусгерете Марица треба да ги достават следните документи:

 

- Примерок од диплома за завршено средно образование или копија од страницата со оценки од полугодието од дневникот за 4 година - во случај кога кандидатот ќе го заврши средното образование во соодветната година;

- Пополнет формулар од фирмата за апликација или ажурирана автобиографија.

 

Адреса: 4202, Бугарија, Радиново, област Пловдив, индустриска зона Марица

Телефон: 00 359 32/615 414

Е-mail: lhm_jobs@liebherr.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Либхер-Хаусгерете Марица

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »