Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Модулот HMI Self-Diagnostics на ЛогиСофт обезбедува визуелизација на процесите и дијагностика во реално време

17 november 2024

Albanian  Bulgarian  Serbian

 

ЛогиСофт е високотехнолошка компанија специјализирана во областа на интралогистичката автоматизација. Таа им нуди на своите клиенти целосни и конкурентни решенија засновани на иновативни технологии. Комбинирајќи го долгогодишното искуство и експертни знаења на сите инженерски нивоа, ЛогиСофт разработува и имплементира интегрирани и сигурни решенија за изградба на конвеерни системи и решенија за магацинска автоматизација. „Нашата палета на услуги вклучува CAD механичко проектирање, Eplan електрично проектирање и PLC софтверско проектирање. Во основата на сите наши системи, сепак, се наоѓа модулот HMI Diagnostics & Intelligence, кој обезбедува интуитивна и динамична визуелизација на процесите во реално време, вклучително целосна дијагностика на секоја компонента од системот“, коментираа од ЛогиСофт  за BalkanEngineer.com.

 

 

HMI Diagnostics & Intelligence е напреден систем за дијагностика и мониторинг во реално време кој обезбедува визуелизација на оперативните процеси и предвидлива дијагностика на системските компоненти. На неколку одделни интерактивни екрани, операторите можат да добијат информации за сè што се случува во системот, користејќи интуитивен интерфејс и деталната визуелизација на компонентите.

 

Од екранот „Интелигенција“, операторот може да добие увид во ссостојбата на целиот систем со следливост во реално време на сите пратки со информации за секоја поединечна пратка и нејзината дестинација.

 

„HMI обезбедува детален преглед на системот со предвидлива дијагностика и предупредување на ниво компонента во реално време или со други зборови, дигитален пандан за моментална идентификација на дефекти и грешки што може да бидат отстранети од оператор во рамките на само 60 секунди. “, објаснија од Логисофт.

 

Екран „Дијагностика“ на модулот нуди детална слика во реално време со прогноза за состојбата на секоја поединечна компонента со информации за предупредувања, проблеми и грешки во секој модул опфатен со процесот.

 

„Нашите технологии ја менуваат логистиката на нашите клиенти при што ја зголемуваат  нивната ефикасност. Со способност за работа повеќе од 99%, јасните и остварливи цели на нашите системи за интралогистичка автоматизација се сигурност, флексибилност и удобност“, категорични се од компанијата.

 

На екранот DWS, операторот може да види 3D модел на системот со податоци во реално време за димензии, тежина и скенирање на пратките што минуваат низ тунелот, со моментална идентификација до 10 баркодови. Деталните информации за димензиите на пратката (должина, ширина, висина) се постигнуваат со ласерска визуелизација во реално време, а податоците за тежина и волумен се сертифицирани според LFT стандардите (забелешка на уредникот Legal for Trade: одобрено за трговска употреба). „За нашиот проект во курирската фирма Спиди ставивме во функција и 20 системи DWS за мерење, премер и скенирање на сите пратки во рамките од милисекунди“, споделија од ЛогиСофт.

 

Екран „Архива“ на системот за визуелизација овозможува да се направи детална ревизија на сите аларми/предупредувања, грешки и нотификации  со обележување на време и соодветни поединости.

Од екран „Електрична документација“, вработениот за техничка поддршка има можност да генерира PDF- датотека со документација што ги содржи потребните критични информации.

„Прирачник за работа“ е екран кој содржи библиотека со технички описи на сите системски функционалности.

 

„Без разлика дали се работи за автоматизирано решение за сортирање во курирски бизнис или повеќеслојна линија за обработка на пратки во компанија за електронска трговија, сите наши системи може да бидат управувани и поддржани 100% од операторот на клиентот преку еден централен интерфејс за управување - HMI HMI Diagnostics & Intelligence“,  додадоа уште од ЛогиСофт.

Погледнете што е HMI Diagnostics&Intelligence во видеото под текстот.

 

Адреса: Софија 1700 г.к. Студентски град, „Проф. д-р Димитар Добрев“ 8А, р.1

Контакти: 02/847 62 44

Email: logisoft@logisoft.bg 

 

Извор на фотографии: Logisoft, ©Engineer BG via Canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »