Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Високоефикасни котли за кондензација Hoval UltraGas и Top Tronic се грижат за удобноста на Siemens во Прага

21 november 2023

In Bulgarian

 

Hoval е меѓународно признат производител на комплетни решенија за греење, климатизација и рекуперација. Повеќе од 75 години, компанијата разработува одржлива и еколошка опрема не само за јавни и станбени згради, туку и за различни сфери на индустријата. „Меѓу најдобрите решенија на пазарот за деловни згради се комплетните системи за греење и производство на топла вода за домаќинство со високоефикасни котли за кондензација UltraGas. Нивната беспрекорна работа и управување се гарантирани од вградените контролни панели од нова генерација TopTronic“, коментираа од компанијата.

 

 

Стотици јавни згради ширум светот се опремени со слични современи системи за греење, вентилација и климатизација на Hoval, меѓу кои и деловната зграда на Siemens во чешкиот главен град Прага. Главно барање на инвеститорот на зградата која е со изградена површина од 1200 метри квадратни во однос на изборот на опремата е нивниот работен век. Компанијата се одлучува за понудениот од  Hoval проект - каскадно поврзани котли за кондензација Hoval UltraGas со надворешна регулација за оптимално управување. Вертикалната конструкција на комората за согорување на моделот UltraGas 1440D, како и можноста за монтажа на котлите еден до друг, гарантираат минимални барања за простор во котларата. Друга предност на комплексниот систем за греење, вентилација и климатизација е заедничкиот систем за оџаци, што исто така му заштедува простор и пари за клиентот“, објаснија од компанијата.

 

Патентирани технологии за исклучителни продуктивност и сигурност

 

Опремен со најмодерна технологија за кондензација и патентираниот разменувач на топлина aluFer, стоечкиот гасен котел UltraGas се одликува со својата исклучително висока ефикасност. Технологијата овозможува враќање на дополнителни 10 до 20% од енергијата. Преносот на топлинска енергија на водата дополнително се оптимизира преку употреба на алуминиум и нерѓосувачки челик со висока спроводливост. За да се постигне уште поефикасен процес, грејното тело на гасниот котел е опремено со голем воден капацитет кој делува како тампон енергетски акумулатор..

За одржливиот развој на компанијата придонесува и опремата за греење, вентилација и климатизација инсталирана во деловната зграда на Siemens во град Прага. Патентираната UltraClean технологија, во комбинација со модулациониот пламеник (континуирано адаптирање на моќноста според барањата за топлина), гарантира целосно согорување и ниски емисии на котлите за кондензација UltraGas.

 

 

Технолошки предности на котелот за кондензација Hoval UltraGas:

 

  1. Патентиран разменувач на топлина со aluFer со исклучително висока ефикасност;
  2. Чисто согорување и многу ниски нивоа на емисии благодарение на патентираниот модулационен пламеник со технологија Ultraclean;
  3. Интелигентен контролен систем TopTronic за олеснето работење и интеграција на каскадни системи.

 

Адреса: Софија 1407, ул. Борис Руменов бр. 9, зграда 6, канцеларија 3
Телефон: +359 700 20 755  
Е-пошта: office.bg@hoval.com 

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА! 

 

 

Извор на фотографии: Hoval (Ховал)

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »