In Bulgarian
Се вели дека виното е подарок од боговите – пијалак како ниеден друг. И некои од најдобрите мајстори се несомнено Французите. Затоа не е изненадување дека токму таму, во еден од најпознатите вински региони – Бордо, во 2016 година отвора врати најголемиот музеј посветен на винарската уметност – Cité du Vin (Град на виното). Тука љубителите на виното можат да направат вистинско патување, уживајќи во уникатно доживување, откривајќи ги многубројните и разновидните аспекти на виното во времето и просторот. За да биде доживувањето целосно и гостите да се чувствуваат удобно, контролата на системот за греење е доверена на независни од притисокот вентили за регулирање Cocon QTZ на водечкиот европски производител Oventrop GmbH & Co. KG KG.
Cité du Vin е место коешто, покрај тоа што е музеј посветен на виното, им нуди на посетителите многу места за одмор и забава. Целиот процес на неговата реализација – од изборот на локацијата, до самата визија на зградата, е подреден на главната тема – виното. Бордо се наоѓа во средината на лозарско – винарски реон кој му припаѓа на Меѓународната асоцијација Great Wine Capitals. А при проектирањето на зградата, желбата на архитектите е да го претворат движењето на виното. Cité du Vin им овозможува на посетителите буквално да се потопуваат во винската култура на осум нивоа. Освен музеј, гостите ќе најдат тука уште меѓународен вински бар, тапас бар и винарска визба.
Иако импресивен, Cité du Vin тешко дека би се претворил во омилено место на почитувачите на виното ако не нудеше и добар термички комфор. Грижата за одржување на оптимална микроклима е доверена на модерен систем за греење. Неговата ефикасност е гарантирана благодарение на контролата, спроведувана со помош на независни од притисокот контролни вентили Cocon QTZ, со кои се обезбедува пристигнување на точното количество медиум за греење кон грејните тела.
„Покрај тоа, сите вентили Cité du Vin се опремени со електронски погонски механизми, благодарение на кои собната температура секогаш се одржува во рамките на потребните граници. На овој начин се постигнува и поефикасно искористување на енергијата, со што вентилите Cocon QTZ придонесуваат и за намалување на трошоците за енергија“, изјавија во заклучок од Овентроп.
Oventrop GmbH & Co. KG
Адресa: Германија, Д-59939 Олсберг, Паул Овентроп Штрасе 1
Телефон: 0049 2962 82 0
Факс: 0049 2962 82 400
E-mail: mail@oventrop.com
Претставување Oventrop Бугарија и Република Македонија
Адреса: бул. Др. Г.М. Димитров 62, Софија 1172
Телефон/факс: 00359 2 961 57 10
E-mail: mail@oventrop.bg
Хидротермика Системи ДООЕЛ
Адреса: Македонија, 137, Гостивар
Телефон/факс: 00389 42215594
Мобилен: 00389 70245571
E-mail: hidrotermika@t-home.mk
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Oventrop GmbH & Co. KG KG, Cité du Vin