R&M: Младите специјалисти имаат посебно место во нашата 7-годишна историја во Бугарија
2019-02-054 мин.
На крајот на октомври 2018 година, Рајхле и Де-Масари Бугарија Продакшан ДООЕЛ го прослави својот 7-ми роденден. Од 20 луѓе во 2012 година, денес тимот на претпријатието има повеќе од 400 експерти, а посебно место имаат младите специјалисти и стажанти, дозна BalkanEngineer.com од компанијата.


„Сериозен интерес за младите специјалисти претставува нашата стажантска програма Ready & Motivated, чие трето издание претстои во 2019 година. Со неа млади од различни специјалности можат да се здобијат со своето прво професионално искуство во насоките Производствен инженеринг, Развој, Истражување и развој, Управување со синџир на снабдување, Квалитет и човечки ресурси“, посочија експертите за човечки ресурси од фирмата.

Во моментов фабриката во Бугарија е најголемата производствена база на швајцарската групација Reichle & De-Massari AG и за својата седумгодишна историја бележи одржлив раст во продажбата. „Холдингот е семеен, а имено такви се и односите како во индивидуалните тимови и помеѓу одделите, така и со партнерите и клиентите. Секој наш вработен држи на корпоративните вредности на R&M и се стреми да ги одржува и развива. Се стремиме кон инспирација, лидерство, грижа, соработка и достигнувања“, коментираа од бугарското друштво.
Рајхле и Де-Масари Бугарија Продакшан произведува фибер-оптички кабли, мрежни кабли и компоненти за изградба на квалитетни комуникациски мрежи, а место во компанијата можат да најдат дипломирани инженери по електротехника или друга инженерска струка, како и специјалисти во областа на индустрискиот менаџмент, бизнис администрацијата и др.
Ако имате желба да се вклучите во стажантската програма на компанијата, можете да испратите актуелна автобиографија и опис на вашите лични цели и мотивација да се вклучите во тимот на маил: recruitment_bg@rdm.com не подоцна од 30 април 2019 година.
Има уште една компанија од групацијата во Бугарија. Трговското друштво „Р и М Бугарија“ ДООЕЛ е компанија, основана во 2007 година со седиште и адреса на управување во град Софија. Тоа нуди портфолио од висококвалитетни производи и системи за комуникациски мрежи и податочни мрежи. Компанијата работи на 13 пазари во Југоисточна Европа, раководени од канцеларијата во Софија и располага со висококвалификувани експерти во областа на мрежната опрема.
Повеќе информации за Рајхле и Де-Масари Бугарија Продакшан ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.
Извор на фото материјал: Инженер.bg
