Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

LOOP калкулаторот на Телетек Електроникс заштедува време и усилби во конфигурацијата на инсталациите за известување за пожар

30 march 2024

In Bulgarian  In Serbian In Albanian

 

Прецизното планирање на инсталацијата за известување за пожар може да им заштеди на инсталатерите драгоцено време и бројни предизвици. Затоа водечката европска компанија во производството на технички средства за известување за пожар и комплексни безбедносни системи Телетек Електроникс  ја разработи апликацијата Loop Calculator со цел да го олесни овој процес. Во најновото видео за обука на компанијата, специјалистите ги покажуваат поединостите на проектирањето на систем за известување на пожар, конфигурацијата и пресметката на параметрите на уредите поврзани со него.

 

 

„Целта на LOOP калкулаторот е да им помогне на проектантите при пресметувањето на должината и дебелината на кабелот според бројот на уредите поставени во проектот“, соопштија за BalkanEngineer.com од Телетек Електроникс. „Калкулаторот на батерии дава информации за точната потрошувачка на сите уреди во системот, вклучително и батериите кои треба да бидат обезбедени за непречено функционирање на системот за потребниот период од 72 часа“, прецизираа уште тие.

 

Благодарение на калкулаторот, проектантите или инсталаторот имаат гаранција дека комуникацијата помеѓу панелот и уредите ќе биде доволно силна, сигурна и без прекини. За таа цел, откако ќе се стави пресекот за кабелот во апликацијата, автоматски ќе се пресмета максималната должина на кабелот што може да се постигне со него. И обратно: ако должината на кабелот е однапред поставена, калкулаторот ќе го прикаже потребниот пресек.

 

LOOP калкулаторот на Телетек Електроникс е непроценлива помош при проектирањето на инсталации за известување за пожар со адресибилните контролни панели за известување за пожар од сериите iRIS и Simpo. „iRIS е палета од интелигентни адресибилни контролни панели за известување за пожар, проектирани и конструирани да ги исполнуваат сите барања на последните европски стандарди за квалитет и безбедност. Панелите iRIS претставуваат целосно висококвалитетно, сигурно и рентабилно решение за сите видови на проекти - од мали и средни до големи и поврзани во заедничка мрежа комплексни објекти“, објаснија специјалистите од водечкиот производител.

 

 

Познато е дека голем процент од изградените инсталации за известување за пожар вклучуваат до 100 детектори за известување за пожар. Но, без разлика на големината, еднакво важни се дополнителните функционалности што ги нудат адресибилните системи за известување за пожар. Адресибилните алармни контролни панели SIMPO се оптимално решение за апликации во инсталации со мал број на детектори, бидејќи нивната висока сигурност и функционалност ги претворуваат во ефикасна алтернатива на конвенционалните панели за известување за пожар“, категорични се од Телетек Електроникс.

 

Телетек Електроникс

Адреса: Софија 1407, ул.Сребарна 14А

Телефон: +359 2 969 48 00

E-mail: info@teletek-electronics.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Телетек Електроникс

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »