In Albanian In Bulgarian In Serbian
Со голема индустриска брзина, оптимизирани параметри и отворен систем за компатибилност со широка палета на материјали, компактниот 3D печатач Lisa X е универзално решение погодно за различни намени. Освен тоа, Lisa X овозможува истовремено печатење на неколку детали, што го претвора во оптимално решение за прототипирање. Уредот е дел од каталогот на производи на докажаната трговска и инженеринг компанија во областа на 3D технологиите GreMa 3D. „Со радост можеме да соопштиме дека еден од најпосакуваните материјали за 3D печатење, PA11 CF (јаглеродни влакна), веќе е достапен за брзиот печатач Lisa X на Sinterit. И како одговор на се поголемените очекувања на корисниците и барањата на решенија за адитивно производство, во нашиот каталог е вклучена и пудрата PBT Optimal, што дополнително ги намалува трошоците за печатење со Lisa X до 50%,“ објавија од GreMa 3D.
„Параметрите на Lisa X се оптимизирани благодарение на можноста за распределба на температурата за време на процесот на печатење, што е клучно за селективното ласерско синтерување“, коментираа од тимот на GreMa 3D. „3D печатачот има четири грејни зони во кои се распоредени 22 грејни елементи. Ова овозможува строга контрола над температурните промени. Добиениот сет на опции за менување и регулирање на параметрите го усовршува процесот на печатење и овозможува испитување на нови методологии за истражување, а резултатот е со многу висок квалитет. За негова реализација е одговорен и специјализираниот софтвер интегриран во печатачот Lisa X“, информираа уште специјалистите.
PA11 CF – еден од најјаките и најфлексибилните материјали во прав кој ја надградува SLS технологијата за печатење
Јаглеродните влакна PA11 CF се издвојуваат по својата цврстина на истегнување и виткање, механичка, топлинска и хемиска отпорност, што го прави материјалот еден од најаките и флексибилни на пазарот за прашоци наменети за SLS печатење. Сега достапен и за Lisa X, PA11 CF овозможува максимална апсорпција на материјалот преку ефикасно рециклирање на прав.
„Ниската брзина на освежување е една од водечките предности на јаглеродните влакна. Брзината на освежување се одредува според минималното количество на свеж прав што е потребен во мешавината на материјали што се користат во SLS 3D печатач. Понискиот коефициент на освежување значи подобра ефикасност на потрошувачката на материјалот“, додадоа професионалците и го продолжија својот коментар: „Количината на потребниот свеж прав автоматски се пресметува од софтверот Lisa X и се визуелизира на екранот на 3D печатачот по завршувањето на задачата за печатење. За освежување на материјалот и започнување на нов проект се бара само додавање на наведената количина на материјал во неговиот циклус на мешање“.
Адреса: Русе, ул. Љуљак 11
E-mail: office@grema3d.com
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: GreMa 3D, Sinterit, canva.com