Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

GreMa 3D: Scantech е пионер во развојот на високотехнолошки 3D решенија за скенирање за дигитализација на индустријата

17 july 2023

In Bulgarian  In Serbian

 

„Scantech е пионер во развојот на рачни 3D визуелни уреди и подоцна и на 3D автоматизирани системи за мерење. Таа е една од првите високотехнолошки компании во светот со развојна и производствена активност во областа на 3D скенерите и софтверските решенија за обработка на податоци. Целта на Scantech е да се промени индустријата – навлегување и развој на Индустрија 4.0 преку дигитализација на процесите. Ова несомнено ќе доведе до преквалификација и поквалитетно усвојување на интелектуалниот потенцијал на инженерите и целосен напредок во секој аспект од општествениот живот - еколошки, економски, личен, професионален и технолошки“, коментираа од GreMa 3D, официјалниот партнер на Scantech. Во следните редови ќе ви раскажеме љубопитни поединости за брендот, кој се претвори во репер за „компанија од иднината“.

 

 

Производите на Scantech се нудат во повеќе од 60 земји и региони, опслужувајќи над 5.000 претпријатија. Широката дистрибуција на производите на компанијата е последица на висококвалитетниот асортиман, дистрибутивната мрежа на докажани професионалци и нејзините компетентни меѓународни тимови за продажба и техничка поддршка.

 

Палета на производи: Scantech - бренд кој комбинира квалитет и иновација во 3D опрема од нова генерација

 

„Нашата производствена линија ги опфаќа следните категории: рачни 3D скенери, 3D скенери за следење, автоматизирани системи и софтверски производи за обработка на податоци. Нашите решенија се широко користени во сферите на космичката индустрија, автомобилскиот/железничкиот транспорт, производството на машини, медицинските грижи и рехабилитацијата, дигиталните уметности (филм и телевизија), образованието и истражувањето, заштитата на културното наследство, 3D печатењето и VR/AR (виртуелна/додадена реалност). Нашите клиенти се од целиот свет. Нашите производи ги доставуваме во земји како што се: Германија, САД, Обединетото Кралство Велика Британија, Јапонија, Норвешка, Јужна Кореја, Турција, Русија, Австралија, Чешка, Ирска, Канада, Мексико, Чиле, Аргентина, Унгарија, Тајланд и Виетнам“, коментира г-дин Бартош Котусиевич (Bartosz Kotusiewicz, менаџер „Дистрибуција“ за Централна и Источна Европа на Scantech.

 

 

Опремата Scantech е наменета за метролошки истражувања, обратно инженерство, создавање на дигитални близнаци и целосна оптимизација на инженерската активност.

 

Очекувајте продолжување!

 

Претстои да навлеземе во „длабочините“ на технолошките аспекти на опремата Scantech. Дознајте дополнителни поединости за 3D уредите за скенирање, системи и специјализирани софтверски производи, сопствено производство на компанијата.

 

Адреса: Русе, ул. Љуљак 11

Телефон: +359 88 810 0273

E-mail: office@grema3d.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: GreMa 3D (Грејт Мастер), Scantech

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »