Additive Days: Beyond the Hype – преродба на концептот и уште поимпресивни размери со нови датуми во 2020 година

2019-09-163 мин.

In Bulgarian   In Romanian   In Serbian

 

Нови датуми за форумот Additive Days најавија организаторите. Второто издание на конференцијата ќе се одржи од 20. до 23. февруари 2020 година наместо во октомври годинава, како што беше првично планирано. „Се поголемениот интерес за 3D технологијата и нашата желба да ги покриеме сите аспекти на темата, како и да ја задоволиме потребата се повеќе производствени компании кои користат 3D печатењето, да остварат контакти на настан во таков иновативен формат, беа факторите кои го определија донесувањето на ова одлука од наша страна“, соопштија за BalkanEngineer.com од компанијата – организатор на настанот B2N.

 

 

Местото на настанот останува Софија Тех Парк, кој е домаќин на многу настани, тематски поврзани со областите наука, информатички и комуникациски технологии, иновации, претприемништво, образование, здравство, зелена енергија и други.

 

Форумот има амбиција да ја демонстрира разновидната примена на 3D технологиите во области како што се образование, медицина, индустриски дизајн, па дури и автомобилска индустрија и авијација – од печатење на накит и калапи за колачи, преку создавањето на протези и инженерски прототипи, до изградбата на авионски турбини и цели згради.

 

 

Канвасот на 3D печатење како технологија е богато обоен со боите на различни производствени правци и бизнис сфери вклучувајќи инженерство, медицина, економија, наука, образование, архитектура, дизајн, мода и други.

 

„Во следното издание ќе се вклучи и темата за одржливоста и ќе биде јасно зошто реално „Додавањето“ како процес и технологија всушност значи оптимизација на тековните процеси и има значителен потенцијал за намалување на трошоците и поголема конкурентност“, коментираа во заклучок од B2N.

 

Адреса: 1700 Софија, Бугарија, бул. „Д-р Г. М. Димитров“ 95

E-mail: info@b2n.bg

Телефон: 00 359 886 008 008

 

Адреса: 4010 Пловдив, Бугарија, бул. „Асеновградско шосе“ 11

E-mail: plovdiv3d@b2n.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјал: B2N, Additive Days