Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Унисист Лаборатории со нов сертификат за акредитација за калибрација на средства за мерење

28 january 2021

In Bulgarian  In Serbian

 

Унисист Лаборатории ДОО. доби нов сертификат за акредитација од Извршната агенција „Бугарска служба за акредитација“. Лабораторијата е овластена да проверува средства за мерење на електрични големини, волумен и потрошувачка. Основана е во 1997 година и е една од првите лаборатории со ваква специјализација во Бугарија. „Во изминатите години ја докажавме нашата висока техничка компетентност како водечка лабораторија“, коментираа од компанијата за BalkanЕngineer.com.

 

 

Новиот сертификат за акредитација на компанијата важи до 28 октомври 2024 година и и дава право да калибрира волтметри за еднонасочен и наизменичен напон, амперметри за еднонасочна и наизменична струја, калибратори за еднонасочен и наизменичен напон, калибратори за еднонасочна и наизменична струја, ампер клешти и омметри за еднонасочна струја итн.

 

Фирма Унисист Лаборатории имаат право да извршува како почетна, така и последователна проверка на уредите. „Еталонската опрема на лабораторијата е на највисоко современо техничко ниво. Гаранција за високиот квалитет на услугите што ги изведуваме се воведените модели за обезбедување и управување со квалитетот и примена на современи валидирани методи на проверка“, дополнија од компанијата.

 

 

Важна точка на активност на компанијата е континуираното подобрување на квалитетот на понудените услуги како функционално, така и метролошки. „Нашата крајна цел е да ги задоволиме барањата на клиентите со строго почитување на постојните стандарди и прописи во однос на квалитетот, како и задоволување на високите барања на европските стандарди“, споделија од компанијата.

 

Унисист ДОО

Адресa: Бугарија, гр. Софија 1582, бул. „Цветан Лазаров” 144

Телефон: +359 2/886 12 03, +359 2/886 32 37; +359 2/886 05 62

E-mail: office@unisyst.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјал: Унисист Лаборатории ДОО

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 26 february 2021Либхер-Хаусгерете Марица произведе рекордни 1 милион апарати

    Со нов рекорд во производството на ладилници и замрзнувачи заврши .јубилејната 2020 година за Либхер-Хаусгерете Марица. Минатата година бугарската компанија, која прослави 20-годишен јубилеј, го регистрираше својот еден милион производ за годинава. Прогнозите на Либхер-Хаусгерете Марица за годишно производство од 844,000 единици беа побиени кога, како резултат на зголемената побарувачка, на 19 декември 2020 година, излегува од производство милионитиот фрижидер со замрзнувач со импресивен дизајн на британска телефонска говорница од ограничената серија London Calling.

  • 19 february 2021H3 – прецизен футер со висока стабилност – развиено од инженерите на РАИС

    Футерот H3 постигнува 10.000 вртежи во минута и е решен конструктивно со прецизен пренос со ремен и вградени прецизни хибридно-керамички лежишта за да се постигне помала термичка експанзија и ниски вибрации. „За да се подобрат резултатите при длабоко дупчење и стружење, системот за ладење на футерот може да се надополни со решение за ладење преку алатката, што доведува до подобар квалитет на финалниот производ и заштедува време на обработка“, коментираа за BalkanEngineer.com од РАИС.

  • 11 february 2021Можете да ја добиете борбата со бигорот со помош на бојлерите Tesy Anticalc - сега со нов, дури и поелегантен дизајн

    „Бојлерите од семејството Anticalc се разработени за долгорочно и сигурно работење без проблеми во региони со тврда, високо минерализирана и/или агресивна вода. А сега тие имаат нов, дури и постилски дизајн“, соопштија од компанијата за BalkanEngineer.com. Тие се создадени во согласност со највисоките европски безбедносни стандарди и барања за квалитет. Благодарение на сувиот грејач, бојлерите обезбедуваат сигурна работа на апаратот во тврди и агресивни води.

  • 28 january 2021Унисист Лаборатории со нов сертификат за акредитација за калибрација на средства за мерење

    Унисист Лаборатории ДОО. доби нов сертификат за акредитација од Извршната агенција „Бугарска служба за акредитација“. Лабораторијата е овластена да проверува средства за мерење на електрични големини, волумен и потрошувачка. Основана е во 1997 година и е една од првите лаборатории со ваква специјализација во Бугарија. „Во изминатите години ја докажавме нашата висока техничка компетентност како водечка лабораторија“, коментираа од компанијата за BalkanЕngineer.com.

  • 25 january 2021SpaceCAD: Колаборативната автоматизација со решенија на OnRobot ги изедначува условите за сите производители

    „Решенијата OnRobot им помагаат на малите и средни производители да ги оптимизираат своите процеси за да го развиваат својот бизнис со поголема флексибилност, поголема продуктивност и подобрен квалитет. Колаборативната автоматизација ги изедначува условите за сите производители и бидејќи роботите стануваат полесни за купување и имплементација, тие стануваат важен елемент за прилагодување кон широк спектар на примена“, изјавија од SpaceCAD за BalkanEngineer.com.

  • 11 january 2021Т и Д Инженеринг со бројни успешно реализирани проекти за изградба на SCADA системи

    Т и Д Инженеринг нуди широк спектар на услуги во областа на енергетиката, електротехниката, автоматизацијата и електрониката. Една од главните области во која работи е проектирање, имплементација и одржување на автоматизирани системи SCADA. „SCADA е архитектура на контролен систем што вклучува компјутери, мрежни комуникации за податоци и графички кориснички интерфејси за управување и работење со процеси и проекти“, коментира за BalkanEngineer.com од ТиД Инженеринг.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 01 march 2021Северна Македонија гради магистрални гасоводи

    Оваа година ќе заврши изградбата на нагистралните гасоводи од град Скопје до град Гостивар и од град Неготино до град Битола во Северна Македонија, дозна BalkanEngineer.com од Мета.мк. Покрај тоа, претстојат нови проекти за интерконекција со Грција, Косово и Србија. Ова го изјавија министерот за транспорт и врски на Северна Македонија Благој Бочварски и директорот на Националните енергетски ресурси Бајрам Реџепи, кои заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи извршија увид во изградбата на магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар. Инвестицијата во делницата изнесува 29 милиони евра.

  • 24 february 2021Романија објави раст од 16% во градежништвото во 2020 година

    Обемот на градежни активности во Романија се зголемил за 15,9% во 2020 година. Двоцифрени стапки на раст се забележуваат во сите три сектори - станбен, нестанбен и градежен инженеринг, дозна BalkanEngineer.com од веб-страницата на Romania-Insider.com. Податоците се од Националниот статистички институт на земјата. Изградбата на нестанбени згради, како што се канцеларии и трговски центри, во Романија регистрира помал раст - од 10,9%, за сметка на станбениот сегмент, кој покажа раст од 17,8%. Обемот на капитални поправки се зголемил за 46%, а активностите за одржување се зголемиле за 24,4%.

  • 22 february 2021Бугарски проекти се номинирани за Mies van der Rohe Award

    Осум бугарските проекти се номинирани за наградите на Европската унија за современа архитектура Міеѕ vаn dеr Rоhе Аwаrd, дозна BalkanEngineer.com од Gradat.bg. Наградите имаат за цел да го популаризираат квалитетот на европската архитектура и односите во ЕУ и светот, како и да ја истакнат улогата на архитектурата за заедничката европска култура. Номинациите беа одбрани од Комората на архитекти во Бугарија, Сојузот на архитекти во Бугарија, арх. Вјара Жељазкова, во својство на независен меѓународен експерт и проф. д-р арх. Георги Георгиев - раководител на Катедра „Архитектура“ во Нов бугарски универзитет.

  • 17 february 2021Србија усвои стратегија за научен и технолошки развој

    Министерството за образование, наука и технолошки развој на Србија објави дека владата на земјата усвои Стратегија за научен и технолошки развој на Србија за периодот 2021-2025 година, со наслов „Моќта на знаењето“, дозна BalkanEngineer.com од eKapija.com. Стратегијата има за цел да даде можност за го забрзување на развојот и интеграцијата на земјата во Европското пространство на истражување преку надградба на системот за научни технологии и иновации. Планирани се инвестиции во нови научно-технолошки паркови, центри за врвни достигнувања и институти.

  • 15 february 2021Продолжуваат активностите во рамките на проектот БРТ систем во Скопје

    Македонската престолнина Скопје ќе ги добие во март годинава прелиминарниот проект и придружната документација за првата линија на идниот систем од брз иавтобуски линии (БРТ) во градот. Првата линија ќе биде со должина 12,81 км и ќе се состои од 21 автобуска постојка и 2 автобуски терминали. Првата транша од заемот за проектот, што ќе ја додели Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), изнесува 47,6 милиони евра. Средствата ќе бидат искористени за подготовката на главниот проект, изградбата на првата линија, како и за идни депа, реконструкција на булевари и улици по должина на трасата.

  • 10 february 2021Zoppas го проширува својот тим во Србија

    Италијанската производствена компанија Zoppas планира да го прошири својот тим во Србија со уште 300 вработени, дознава BalkanEngineer.com од веб-страницата Kapija.com, која го цитира генералниот менаџер на компанијата за Романија и Србија, Дорел Еначе. Компанијата е присутна на српскиот пазар од 2016 година. Претпријатието на компанијата во земјата се наоѓа во град Кикинда, а нејзиниот тим се состои од 700 луѓе. Според изјава на градоначалникот на Кикинда, Никола Лукач, во 2021 година во српскиот објект ќе биде преместена производствената линија од претпријатието на Zoppas во Романија, пренесува уште eKapija.com.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 02 march 2021Rombat ќе произведува ќелии за акумулатори во фабриката во Букурешт

    Романскиот производител на акумулатори Rombat ќе започне со производство на ќелии за литиум-јонски автомобилски акумулатори во својата нова фабрика во Букурешт во втората половина на 2021 година, дозна BalkanEgnineer.com од сајтот Romania-Insider.com. Ќелиите ќе бидат доставени до партнерската компанија на Rombat - Prime Motors. Новиот главен извршен директор на Rombat, Алин Јоанес, посочи дека проектирањето на акумулатори за електрични автомобили е предизвик што му овозможува на Rombat да биде во чекор со глобалните технолошки достигнувања и да ги искористи новите можности на пазарот.

  • 25 february 2021Србија објави тендер за набавка на електрични возови

    Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија објави тендер за нарачка на три електрични возови што ќе сообраќаат на релација Белград-Нови Сад-Суботица. Според тендерската документација, возилата мора да имаат должина од 100 метри (± 5) и минимум 300 (± 5) седишта од прва и втора класа, да бидат опремени со греење и звучна изолација, надворешно и внатрешно LED осветлување, електрични врати на лизгање, тоалети за лица со посебни потреби, по два барови со апарати за топли пијалаци и можност за електронско плаќање, Wi-Fi поврзување, систем за резервации на места и друго.

  • 23 february 2021Северна Македонија ќе добие средства за енергетски проекти

    Македонската енергетска компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) потпиша договор за грант од 2,4 милиони евра со германската банка за развој KfW. Износот ќе се инвестира во истражување и документација поврзани со проекти за обновлива енергија со проценета годишна моќност од 650 GWh. Договорот го отвора патот на контролираната од државната енергетска компанија во Северна Македонија да земе заем од 80,5 милиони евра за проекти, изјави премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев. За последните 20 години, Германија финансираше развојни проекти во Северна Македонија во вредност од над 500 милиони евра.

  • 18 february 2021Tesla ја отвори својата прва канцеларија во Романија

    Американската компанија Tesla ја отвори својата прва канцеларија во Романија. Таа се наоѓа во главниот град Букурешт. Компанијата планира да спроведе повеќе планови за инвестиции во земјата. Тие ќе вклучуваат изградба на нови станици за полнење на електрични автомобили Supercharger во неколку романски градови - Темишвар, Сибиу, Питешти и Букурешт. На списокот може да бидат и градовите Крајова и Браила. Tesla ќе направи слични инвестиции во соседните на Романија земји - Бугарија, Унгарија и Србија. Во септември 2019 година, основачот на Tesla и SpaceX, Елон Маск, објави на Твитер дека ќе се отвори подружница на Tesla во Романија.

  • 16 february 2021АЕЦ „Козлодуј“ потпиша договор со „Вестингхаус електрик“

    Бугарската нуклеарна централа „Козлодуј“ и компанијата „Вестингхаус Електрик“ - Шведска потпишаа договор за безбедносна анализа на блок 5 на АЕЦ „Козлодуј“ при имплементација на алтернативен вид нуклеарно гориво. Договорот го потпишаа извршниот директор на АЕЦ „Козлодуј“ Наско Михов и Азис Даг - потпретседател и управен директор на „Вестингхаус електрик“ - Шведска. Според зборовите на министерката за енергетика на Бугарија Теменужка Петкова, со потпишување на овој договор Владата исполнува еден од нејзините главни приоритети во енергетиката - оној за диверзификација на енергетските ресурси.

  • 11 february 2021Имплементираат интелигентен систем на автопат во Северна Македонија

    Претстои инсталирањето на интелигентен транспортен систем на автопатот од село Табановце до град Гевгелија. Новиот сообраќаен систем има за цел да ја зголеми безбедноста на сообраќајот на автопатот, што е дел од Пан-европскиот коридор 10. Интелигентниот систем вклучува уреди за мерење на тежината на возилата на патот, како и системи кои обезбедуваат информации за временските услови и нивото на стакленичките гасови. Исто така, ќе бидат инсталирани уште надзорни камери, СОС- патни телефони и електронска сообраќајна сигнализација која обезбедува податоци за условите на патот.

Види ги сите »