Во индустријата, градежништвото и секојдневието, точноста на мерните инструменти е клучен аспект како од аспект на безбедноста, така и на веродостојноста на податоците и квалитетот во процесот на работа. За таа цел, потребни се редовни проверки на системи за мерење кои да ја гарантираат нивната ефикасност и сигурност.

„Калибрацијата е основен метод за обезбедување на следливост на некое мерењето, преку кое се одредуваат метролошките карактеристики на мерните инструменти, опремата или материјали што служат како еталони. Процесот се врши со помош на директна споредба со национални или меѓународни еталони, или се документираат со издавање на специјален сертификат за калибрација, а мерното средство се обележува со налепница што ја потврдува извршената проверка“, соопштија за BalkanEngineer.com од фирма Унисист ДОО, што обединува акредитирана лабораторија за калибрација на мерни средства, овластена лабораторија за проверка и нотифицирано тело за проценка на сообразноста.
Преку акредитацијата, Унисист ја гарантира прецизноста и сигурноста на мерењата извршени во согласност со најдобрите практики на глобално ниво. Со неа се потврдува компетентноста на лабораторијата да обезбедува сигурни и точни резултати, од една страна, благодарение на потребните човечки и материјални ресурси, а од друга страна - преку способноста на компанијата да обезбедува услуги прилагодени на конкретните потреби на клиентите.
Постојат многу причини што бараат калибрација на мерната опрема во работни услови, при што најчестите причини се изразуваат во:
- Постепено влошување на точноста на резултатите со текот на времето;
- Потреба од гарантирање на квалитетот на финалните производи;
- Барањата на прописите за периодична калибрација;
- Обезбедување безбедност за персоналот и крајниот корисник.

Унисист ДОО
Адресa: Бугарија, гр. Софија 1582, бул. „Цветан Лазаров” 144
Телефон: 00359 2 886 12 03, 00359 2 886 32 37; 00359 2 886 05 62
E-mail: office@unisyst.bg
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Унисист, ©Engineer BG via Canva.com