Одржувањето на системот за известување за пожар комбинира различни аспекти, вклучително планирање, изведба и документација. Најновата итерација на апликацијата базирана на облак Teletek Cloud на Телетек Електроникс, има за цел да го подобри целиот процес на одржувањето и отстранувањето на технички проблеми, заштедувајќи драгоцено време и усилби. „Со усовршените функции за далечинско управување, корисниците можат без проблем да пристапуваат до критична системска информација и да го набљудуваат, контролираат и регулираат системот од далечина. Освен тоа, ние направивме чекор напред при што воведовме автоматизација за справување со одредени задачи во ваше име“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката производствена фирма.

Често има потреба специјалистите за одржување да следат повеќе инсталациски објекти, понекогаш - стотици, што го претвора ефикасното набљудување од суштинско значење за ефективно планирање на одржувањето. За да го олесни процесот, тимот на Телетек Електроникс разработува и интегрира нова функција за потсетување во своите адресибилни панели за известување на пожар, овозможувајќи им на корисниците да штелуваат и примаат известувања за претстојни задачи.
Има многу случаи во кои специјалистот за одржување треба да исчисти, па дури и целосно да го замени детекторот за чад, на пример, поради високи нивоа на загадување или едноставно затоа што уредот го достигнал крајот на својот работен век. Претходното известување за ова може да заштеди многу време и секако да ја подобри работата на сервисните тимови.
„Како што сите знаеме, периодичното тестирање на опремата за известување за пожар е задолжително во повеќето земји. Ова обично бара физички пристап до контролниот панел за известување за пожар. Сепак, ова веќе не е задолжително, бидејќи корисниците можат да го користат нашиот „облак“, преку веб пристап или преку мобилна апликација, за далечински да го вклучуваат/исклучуваат режимот за тестирање на панелите“, коментираа од Телетек Електроникс.

Телетек Електроникс
Адреса: Софија 1407, ул.Сребарна 14А
Телефон: +359 2 969 48 00
E-mail: info@teletek-electronics.bg
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
.jpg)
Извор на фотографии: Телетек Електроникс