Кога во болницата Bergmannsheil and Kinderklinik Buer во Гелзенкирхен, Германија, започна проект за модернизација на системот за греење, менаџментот одлучува да ја искористи можноста да имплементира целосно интелигентно решение за управување на мешачките контролери. Целта е ефикасно управување со енергијата, за кое потрошувачката мора да биде транспарентна и да се адаптира на побарувачката. Како одговор на овие барања доаѓа MIXIT на Grundfos - уред „сè-во-едно“ што ги извршува овие задачи.

Проектот за модернизација на болничкиот систем за греење се спроведува во три дела: монтажа на нови цевки со помал дијаметар и изолација, замена на застарените пумпи и инсталирање на прилагодливи мешачки контролери. Цевките од трите разменувачи на топлина се поделени во две групи - поголема со пет грејни кола за основната зграда со стационарното крило и помала со три грејни кола за анексите. Новите пумпи се високо ефикасните Grundfos TPE како пумпи за напојување и разни видови Magna3 во грејните кола.
Основниот дел од проектот вклучува инсталирањето на решението за мешачки контролер Grundfos MIXIT во сите осум грејни кола. „MIXIT е решение „сè-во-едно“ кое ги интегрира сите потребни компоненти - вентили, погонски механизам, сензори и интелигентна контрола на температурата - во еден компактен контролен блок. За мешачкиот контролер треба да се проектираат и инсталираат само две компоненти: мешачкиот уред MIXIT и пумпата за секундарно коло Magna3, која безжично комуницира со уредот за управување. Интегрираните компоненти и флексибилноста на решението го прават планирањето и инсталацијата многу полесно“, објаснија од Grundfos.
Грејните кола во болницата имаат сосема различни потреби. На пример, едно од одделенијата бара многу пониска температура во споредба со оние опремени со радијатори. Како резултат на инсталацијата на MIXIT, се постигнува намалување на температурата за 10 °C, а сметката за греење е оптимизирана за околу 20%.

Грундфос Србија - Продаја
Адреса: Омладинских бригада 90 в 11070 Нови Београд, Србија
Телефон: +381 11 225 8740,
E-mail: zahtevi@sales.grundfos.com
Грундфос Србија - Производња
Адреса: Обилазни пут Север 21 22320 Инђија, Србија
Телефон: +381 22 367 300

Извор на фотографии: Grundfos