Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

РАИС: Нови машини, иновативни решенија и сопствена организација за обука

01 december 2022

In Bulgarian  In Romanian  In Serbian

 

Како помина овогодинешното издание на MachTech & InnoTech? За прв пат по две години, професионалци од различни индустриски сектори можеа без комуникациски ограничувања да уживаат во иновациите во светот на техниката и технологиите. Тимот на РАИС не ги изневери своите традиции да биде дел од изложувачите за време на настанот b2b, кој се одржа во Интер Експо Центар - Софија (ИЕЦ) од 13 до 16 септември. Го посетивме специјализираниот семинар на РАИС кој го водеше инж. Марија Станилова, а што беше дел од придружната програма на форумот.

 

 

Во рамките на форумот, РАИС го претстави вертикалниот центар за обработка M450 RAIS, наменет за различни операции за сечење метали на мали детали и форми. M450 е дизајниран да постигнува голема брзина на сечење и исклучителна сигурност. На штандот на компанијата беа изложени и вертикалниот центар за обработка M550 RAIS со дополнителна 4-та и 5-та оска, како и импресивниот дребонг Swiss Type Citizen A20 со внатрешен дијаметар на вретеното од 2-20 mm.

 

Лидерот во производството на CNC машини беше дел и од меѓународната конференција посветена на образованието и иднината на индустрискиот свет: „Нови вештини и барања во образованието и квалификацијата на кадрите во услови на дигитализација на компаниите од секторот на машиноградбата“. Се одржа на првиот ден од саемот. Инж Марија Станилова ја презентираше темата „Предизвиците пред РАИС, поврзани со обезбедување на квалификуван кадар во согласност со современите барања“. Таа во своето излагање истакна дека недостигот од квалификуван кадар е сериозен проблем за стопанството и бизнисот, а тоа е така, токму поради неусогласеноста на барањата на современите пазари и информациите добиени во текот на стручното образование.

 

 

А конкретно за стратегијата на РАИС, таа сподели: „Нашиот излез е во „Академија РАИС“, која ја инициравме како за квалификација и преквалификација на персоналот, така и за подготовка на млади специјалисти. Обуката во неа е индивидуална и прилагодена на нивото на секој кандидат“.

 

Акцент во презентацијата на РАИС на саемот беше и проектот за вертикална пилинг машина со 8 вретена, за која компанијата доби награда од Siemens. Инж. Баздигјан сподели дека за следната година се планирани производство и имплементација на 15 такви машини во фабриката на Идеал стандарт – Видима. Предностите на вертикалната пилинг машина е таа што овозможува истовремена обработка на цели 8 детали, со што се намалува времето на работа и соодветно се зголемува продуктивноста и севкупната ефикасност на претпријатието.

 

За време на MachTech & InnoTech 2022, штандот на РАИС го посетија бројни специјалисти запознаени со развојот на компанијата, продуктивноста и квалитетот на машините што ги нуди.

 

Адреса: Бугаријау, Пазарџик ул.Димчо Дебељанов 58, 

Телефон: 034/444 255

E-mail: info@raisbg.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Инженер.bg

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 13 december 2024Решенијата за автоматизација на згради на AББ обезбедуваат енергетско ефикасна иднина за петвековна зграда во Шкотска

    Позната некогаш како дом на монаси и кралски дворјани, како и на должници во бегство од властите, опатија Странд (Abbey Strand) во Единбург, Шкотска, чува сакрално историско и архитектонско наследство. Денес таа е веќе модернизирана со целосен проект за модернизација кој вклучува најсовремени системи за автоматизација на згради и енергетски менаџмент на АББ. До денес, историската зграда е трансформирана во комплекс со девет луксузни апартмани со првокласна послужување, што е модел за одржлива реконструкција и подобрена енергетска ефикасност на зградите.

  • 12 december 2024FANUC и голем производител на синџири ги обединуваат своите сили за постигнување на целосна контрола на квалитетот на производит

    Пред имплементацијата на систем кој ја автоматизира инспекцијата на квалитетот, контролата и ракувањето со кованиците во производството на компанијата за синџири Pewag се извршуваше од луѓе. Ова често доведуваше до несакани отстапувања во квалитетот. Во својот стремеж да остане конкурентна на пазарот, компанијата се сврти кон Pewag Engineering, која е дел од бизнис групацијата и е специјализирана за проектирање на решенија за автоматизација, за да најде решение за овој проблем.

  • 11 december 2024Лазатек: Испорачувач за автомобилската индустрија ја зголемува својата продуктивност со филтерски модули Filtermist

    Еден од најголемите предизвици со кои се соочува секое металопреработувачко производство е квалитетот на воздухот во просториите и влијанието на маглата од течноста за ладење врз здравјето на персоналот. „За да се спречи маслената магла да влијае на квалитетот на воздухот на работното место, Tooling 2000 Limited инсталираше во нивните машински центри системи на Filtermist за отстранување на маглата. Покрај тоа што чистотата на воздухот ги исполнува барањата на Регулативите за контрола на супстанции опасни за здравјето (COSHH), производствената компанија од Бирмингем користела и други важни предности“, раскажаа за овој случај од праксата специјалистите од добро етаблираната компанија Лазатек која ги нуди производите на Filtermist.

  • 11 december 2024Оптимизирајте го наоѓањето на електрични дефекти и тестирањето на кола со мултиметарот AVO®215 на Megger

    Сигурното и прецизно тестирање на електрични кола е основна активност во забрзаниот секојдневен живот на електричарите. Инструментите за тестирање, како што се мултиметри и амперметри, се неопходни за прецизно мерење на напонот, струјата и отпорот, гарантирајќи ја безбедноста и функционалноста на електричните системи. Megger постојано ја проширува својата палета на повеќефункционални тестери како за професионални, така и за индустриски примени за да го понуди вистинскиот инструмент за секоја применета задача.

  • 10 december 2024SpaceCAD: Shining 3D го пушти на пазарот безжичниот скенер EinScan Libre кој го револуционизира 3D скенирањето

    „На почетокот на ноември оваа година компанијата Shining 3D го објави пазарното деби на својот револуционерен 3D скенер EinScan Libre. Тој припаѓа на 4-та генерација на технологија за 3D скенирање во професионалната линија на производи EinScan. Скенерот е целосно безжичен, што значи дека може да се користи без физички врски – кабли и лаптоп/компјутер. EinScan Libre располага со акумулаторска батерија која обезбедува континуирана моќност. Скенерот може да се напојува и од надворешна батерија кога неговата ќе биде извадена, на пример додека се полни“, соопштија за BalkanEngineer.com од SpaceCAD, водечка трговска компанија во сферата на специјализираните софтверски производи и 3D технологиите.

  • 09 december 2024ЛогиСофт: Со усовршена варијанта на технологијата ZPA, ја зголемуваме ефикасноста во нашите проекти

    Во областа на интралогистиката, од суштинско значење е ефикасноста и безбедноста при движењето на производи и стоки. Една од клучните технологии кои придонесуваат за оптимизацијата на внатрешни логистички процеси е т.н натрупување при нулти притисок (Zero Pressure Accumulation, ZPA). Овој систем овозможува привремено складирање на стока на транспортни линии без примена на дополнителен притисок или сила за движење, со што се спречуваат судири, а со тоа и оштетување на производите што учествуваат во процесот. „ ZPA не е нов концепт.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »