Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Новата серија детектори PIRIN на Телетек Електроникс - оптимален баланс помеѓу сигурност, функционалност и едноставност

22 february 2024

In Bulgarian  In Serbian  In Albanian

 

Сензорот за движење е еден од најважните елементи во секој безбедносен систем. Препознавањето на човечкото присуство под различни услови на средината е најголемиот предизвик со кој се соочува еден детектор за движење. Клучот за перфектен и ефикасен уред лежи во рамнотежата помеѓу сигурност, функционалност и едноставност. Новата серија детектори PIRIN од етаблираниот европски производител на решенија за противпожарен аларм и решенија за сигнализација и безбедност на Телетек Електроникс го поседуваат сето тоа.

 

 

„Една од нашите најнови разработки, палетата на внатрешни жични детектори PIRIN, е резултат на нашето долгогодишно искуство, знаење и компетенција во областа на алармните системи и детекцијата на движење. Меѓу најголемите предности на производите се подобрените можности за инсталација. Серијата вклучува бројни функционалности кои освен што го поддржуваат процесот на инсталација, ја оптимизираат работата на детекторите“, соопштија од компанијата.

 

Серијата PIRIN опфаќа 3 различни детектори, од кои секој ги покрива потребите за висока безбедност и сигурност на речиси секоја инсталација на аларм:

 

PIRIN DL е жичен детектор за движење со дигитален алгоритам за обработка на сигналот. Детекторот има уникатно штелување со 7 степени за IR чувствителност. Благодарение на полу - сферичниот дизајн на специјално изработената леќа, тој поддржува режим за детекција на најранливата зона, која се наоѓа директно под него, т.н. Creep Zone“.

PIRIN MW е жичен детектор со двојна технологија на детекција PIR и MW за употреба во простории со потреба од висок степен на обезбедување. Комбинацијата на пасивна инфрацрвена и микробранов сензорна технологија ги ограничува пречките предизвикани од фреквентни флуктуации на светлината, рефлексии и струења на воздухот.

Детекторот поддржува три различни режими на работа, во зависност од потребите на монтажа: „И“, „ИЛИ“ или „Triple Knock“. PIRIN MW обезбедува дополнителни штелувања за чувствителност како на MW, така и на PIR елементите. Благодарение на функцијата „Triple Knock“, тој поседува зголемена чувствителност против лажно активирање на уредот за аларм.

 

PIRIN MW/AM е жичен детектор со двојна технологија на детекција (PIR + MW) со функции против маскирање и против прскање со спреј. Уредот ги поддржува режимите „И“, „ИЛИ“ или „Triple Knock“, обезбедувајќи дополнителни штелувања за чувствителност, како на MW, така и на PIR елементите.

 

 

Благодарение на способностите против маскирање и против прскање со спреј, детекторот PIRIN MW/AM е исклучително погоден за инсталација во објекти со високи безбедносни барања, како што се банки, продавници за накит и други. Функцијата против маскирање успева да го открие натрапникот дури и ако тој се обиде да ја блокира зоната на покриеност на сензорите.

 

Телетек Електроникс

Адреса: Софија 1407, ул.Сребарна 14А

Телефон: +359 2 969 48 00

E-mail: info@teletek-electronics.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Teletek Electronics

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »