In Albanian In Bulgarian In English In Romanian In Serbian
Schneider Electric потпиша договор за испорака на среднонапонска опрема и софтвер за управување за надградба на електродистрибутивната мрежа на Србија. Ова го дозна BalkanEngineer.com од Ekapija.com.
Од Schneider Electric изјавија дека техничките решенија на компанијата ќе помогнат за подобрување на среднонапонската дистрибутивна мрежа за електрична енергија на Србија. Проектот е вреден 140 милиони евра и ќе ја подобри сигурноста на мрежата со намалување на дефектите и времетраењето на прекините на електричното напојување. Ова ќе ги намали загубите во мрежата и ќе овозможи значително намалување на емисиите на CO2, што ќе доведе до дополнителни заштеди.
Не на последно место, проектот за модернизација на мрежата во целата земја ќе го подобри квалитетот на снабдувањето со електрична енергија и на тој начин ќе го зајакне квалитетот на услугата што ја обезбедува операторот на дистрибутивниот систем Електродистрибуција на Србија (ЕДС).
Извор на фотографии: Шнајдер Електрик