In Bulgarian. In Romanian.
Во 2016 година, јапонскиот технолошки лидер Fanuc го презентира својот нов колаборативен робот со носивост до 7 kg. „Првиот модел од серијата роботи за заедничка работа со луѓе на Fanuc - CR-35iA кој се нуди на европскиот пазар од 2015 година, веќе е во масовно производство. Новиот колаборативен робот го носи името CR-7iA, а неговата механика одговара на роботи од серијата LR Mate (LR Mate 200iD)“, соопштија за BalkanEngineer.com од регионалниот центар на Фанук за Југоисточна Европа.
Европските експерти веќе имаа можност да го видат новиот робот CR-7iA на специјализираниот технички саем TechniShow во Холандија во март, на форумите Industrie во Франција и MACH во Велика Британија во април и во јуни на саемот Automatica во Германија.
Додека индустриските роботи, во согласност со важечките барања треба да бидат обезбедени со заштитни бариери за да се осигури безбедноста на операторите и персоналот, колаборативните роботи можат да работат рамо до рамо со човекот без бариери, благодарение на вградените во нивната конструкција заштитни функции. „На новиот робот CR-7iA ќе му бидат доделувани како рутински операции, така и манипулации на работни места со неповолни ергономски услови. Операторите му помагаат на работниот процес со своите когнитивни навики и способности на сетилата паралелно со роботот, на тој начин човекот и машината можат да ги вршат доделените задачи на најпогодниот начин“, коментираа за BalkanEngineer.com од регионалниот центар на Фанук.
Пазарното деби на робот CR-35iA минатата година предизвика сериозен интерес во различни гранки на индустријата, испровоциран од можностите кои тој ги нуди за автоматизирање на различни производствени задачи кои бараат флексибилност на операторот и носивост на робот до 35 kg. „Развојот на новиот колаборативен робот CR-7iA со помала носивост е следна фаза од стратегијата на Fanuc да ја прошири серијата колаборативни роботи, за да обезбеди соодветен робот за секоја технолошка задача“, изјавија во заклучок од регионалниот центар.
Централна канцеларија за Југоисточна Европа
Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД
Телефон: 00359 2 963 33 19, 00359 2 963 32 86
E-mail: service.bg@fanuc.eu
Извор на фотографии: Регионален центар на Фанук за Југоисточна Европа, Fanuc