In Bulgarian
Во почетокот на јуни, под мотото „Го поддржуваме талентот на бугарските инженери“, во Банско се одржа XIX годишна средба на пријателите на DiTra и SolidWorks. На неа присуствуваше и г-дин Џан Паоло Баси, извршен директор на DS SolidWorks Corp., кој ги сподели своите визии за иднината на компанијата. „На средбата Ники Ротор Авијешан ДОО освои награда за иновативност во технологијата, врачена лично од г-дин Баси. Беше презентиран и нашиот автожир Lightning, кој е проектиран со SolidWorks“, соопшти за BalkanEngineer.com г-ѓа Миглена Копчева, управител на Ники Ротор Авијешан.
Куќиштето, подвозјето, инструмент таблата, опашката и на конструктивниот уред за намалување на отпорноста на леталото на Lightning се изработени од композитен материјал. Контролниот панел за управување заедно со седиштата е исто така од таков материјал.
„Ако преферирате повозбудлив лет, можете едноставно да ги извадите вратите и да летате во отворена кабина“, коментираа од Ники Ротор Авијешан.“ Континуирано ги оптимизираме своите производи со цел минимизирање на потребниот хангарски простор и олеснување на одржувањето на моторот и роторот. Целата конструкција е исклучително компактна и лесна. Позицијата на опашката и придава на машината елегантен и футуристички изглед“, додаваат од бугарската производствена компанија.
Компаниите Ники ДООЕЛ и Ники Ротор Авијешан ДОО бараат да приклучат кон своите тимови висококвалификувани и мотивирани специјалисти за позициите Авионски инженер и Конструктор-технолог, кои да бидат проводник на корпоративната култура и традиции.
Адреса: Бугарија, 2161 Правец, плоштад Освобождение 1
Телефон: +359 884 762 385, +359 7133/48 00
Е-mail: office@niki-ltd.com
Повеќе информации за Ники ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Ники Ротор Авијешан ДОО