Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Нуди работа / Авионски инженер

01/02/19 назад
Ники Ротор Авијешан ДОО

Конкурирај

  • Бугарија
  • Правец
Авионски инженер

Ники Ротор Авиешан ДОО е производствена компанија специјализирана во проектирањето и производството на летала - двоседи, тип автожир - двоседи со тандемска конфигурација, изработени целосно од карбон. Во своето портфолио, фирмата ги има моделите Калитеа и Лајтинг.

 

Производствената база и канцеларија на друштвото се наоѓаат во град Правец, на околу 69 километри од Софија, или само на околу 315 километри од Скопје.

 

Ники Ротор Авиешан бара да вработи Авионски инженер со полно работно време со обезбедени живеалиште и атрактивна плата.

 

Потребни барања:

- Искуство во областа;

- Проектирање преку Solid Works;

- Владеење на англиски јазик - пишан и говорен;

- Работно место во Правец;

- Желба да се работи во високо динамична средина.

 

За повеќе информации за работното место, ве молиме јавете се на следниот телефон: 00 359 887 31 00 05.

  • Дипломиран инженер
  • Инженер-магистер
  • Инженер за воздухопловство
  • Полно работно време
  • Со работно место

Конкурирај

info@nikiaviation.com
www.nikiaviation.com

Види ги сите

Фирми

  • Ники ДООЕЛ

    Ники ДООЕЛ е докажан производител на индустриска, комерцијална и дизајн опрема и рекламни полици. Компанијата нуди креативни просторни решенија, индивидуален стил и напредни технологии за прецизно извршување на секој детаљ во различни објекти, вклучувајќи производствени претпријатија, хотели и ресторани.

  • Метал Технолоџи Групација АД

    Групација Технологија на металите - Ангел Балевски Холдинг АД е формиран во 1997 година и во неговиот состав влегуваат 3 водечки бугарски леарници: Осам АД во град Ловеч, Алуком АД во град Плевен и Центромет АД во град Враца. Секоја од фабриките на Холдингот има долга историја, докажани традиции и искуство во металуршкиот сектор. Слоганот на фирмата „Една Групација - Многу Можности“ ги претставува обединетите можности и услуги кои ги нудат производствените фабрики на своите клиенти и партнери.

  • Лазатек ДООЕЛ

    Лазатек ДООЕЛ е друштво со дејност ремонт и модернизација на алатни машини со CNC, имплементација на технологии за обработка на детали на алатни машини со CNC, гарантно и пост - гарантно сервисирање, испорака на нови алатни машини и опрема. Фирмата поседува долгогодишно искуство и докажани традиции во областа на сервисната дејност. До овој момент таа извршила и се уште врши ремонт, модернизација и сервисирање на стотици машини, како на македонски, така и на странски клиенти.

Види ги сите »