Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Нуди работа / Конструктор-технолог

01/02/19 назад
Ники ДООЕЛ

Конкурирај

  • Бугарија
  • Правец
Конструктор-технолог

Фирма Ники ДООЕЛ е лидер во дизајнерската опрема за продавници, трговски синџири и индустриски објекти. Со повеќе од 20 години искуство во металопреработувањето, компанијата им нуди флексибилност, висока продукциска ефикасност и квалитет од светска класа на своите клиенти. Производствената база и канцеларија се наоѓаат во град Правец, на околу 69 километри од Софија, Бугарија, или само на околу 315 километри од Скопје.

 

Ники нуди комплетен циклус на услуги од проектирање, производство на сложени металски и дрвени производи, монтажа и логистика. Комплексните производи со метал, дрво, акрилик, сито печати и налепници се наш заштитен знак, кој го нагласува нашиот процес на работа со одличен квалитет и прецизност во деталите. Дел од нашето портфолио се светски познати компании од областа на козметиката, техниката, спортската опрема, телекомуникациите, прехранбената индустрија.

 

Производството на компанијата главно се реализира во Англија, Германија, Франција, Холандија, Белгија и други.

 

Ако сте млади, амбициозни и сакате да работите во динамична средина, фирма Ники бара да вработи кандидат „Конструктор-технолог“ за работа во Инженерски оддел.

 

Работното место се однесува на разработка на техничка документација и подготовка на производствените процеси. Ги регулира потребните суровини, материјали, инструментални и организациски ресурси.

 

Барања кон работното место:

- Техничко образование;

- Искуство со CAD CAM системи (Solid Works);

- Совршени комуникациски вештини;

- Познавањето на странски јазик е плус (англиски или германски);

- Организираност и фокусирање на идентификуваните задачи;

- Одлични организациски вештини.

 

Опис на работното место:

- Ги обезбедува нарачките за производство со целосна и точна техничка документација, работни цртежи, технолошки мапи и описи на вложените материјали;

- Го следи протокот на проектите за кои е одговорен во сите фази на производството;

- Ја обезбедува координацијата на производствените единици во технолошкиот циклус на производството;

- Дава насоки за решавање на тековни технолошки или конструктивни проблеми;

- Учество на трговски презентации, саеми, конференции;

- Работа со софтвер за управување со производството;

- Возачка дозвола.

 

Ние Ви нудиме:

- Работа во тим на млади и мотивирани луѓе;

- Современа работна атмосфера;

- Развој во професијата и кариерата;

- Контакт со светски познати компании од областа на опремувањето и проектирањето;

- Работа на разновидни проекти.

 

Ќе ни биде мило да бидете дел од нашиот тим!

  • Дипломиран инженер
  • Инженер-магистер
  • Машински инженер
  • Полно работно време
  • Со работно место

Конкурирај

office@niki-ltd.com

Види ги сите

Фирми

  • Метал Технолоџи Групација АД

    Групација Технологија на металите - Ангел Балевски Холдинг АД е формиран во 1997 година и во неговиот состав влегуваат 3 водечки бугарски леарници: Осам АД во град Ловеч, Алуком АД во град Плевен и Центромет АД во град Враца. Секоја од фабриките на Холдингот има долга историја, докажани традиции и искуство во металуршкиот сектор. Слоганот на фирмата „Една Групација - Многу Можности“ ги претставува обединетите можности и услуги кои ги нудат производствените фабрики на своите клиенти и партнери.

  • Т и Д Инженеринг ДООЕЛ

    Т и Д Инженеринг е водечка европска компанија со дејност инженеринг во областа на енергетиката, електротехниката и електрониката. Поспецијално таа се занимава со изградба на индустриски мрежи од програмабилни контролери и средства за автоматизација, како и системи за далечинско управување и далечинска сигнализација во енергетиката и индустријата.

  • ФАНУК Бугарија ДООЕЛ

    ФАНУК Бугарија ДООЕЛ е подружница на FANUC Europe Corp, дел од структурата на јапонскиот лидер во областа на индустриската автоматизација и роботизацијата. Канцеларијата на фирмата во Бугарија е централа на FANUC за Југоисточна Европа и ги опслужува земјите од регионот, вклучително Бугарија, Грција, Македонија, Албанија и Кипар.

Види ги сите »