Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Ники ДООЕЛ го прошири производството на трговска опрема за обработка на дрвен материјал

28 january 2019

Веќе повеќе од 20 години Ники ДООЕЛ успешно го развива својот бизнис во сферата на трговската опрема. Компанијата располага со потребниот капацитет за производство на сите видови метални интериорни решенија – кујнска и хотелска опрема, гардеробни ормари, сефови, вендинг машини. „Денес можеме да се пофалиме со нова производствена база за преработка на дрво - лесонит, иверица, фурнирани панели и други. Новата продукција користи машини за кроење и кантирање, како и фреза со 4-оски и комора за бојадисување. Технолошкиот процес овозможува изведба како на мали, така и на големи серии“, информираа за BalkanEngineer.com од Ники ДООЕЛ.

 

Иднината на секој бизнис зависи од вистинскиот сооднос цена/квалитет, искуство и креативност. Производите на Ники ДООЕЛ во себе комбинираат одличен квалитет, исполнувајќи ги највисоките меѓународни стандарди и конкурентни цени. Креативните решенија на Ники, како комбинација од дрво и акрилик, или рачно изработени финеси, обезбедуваат создавањето на најдоброто решение за секој конкретен проект.

 

Во 2017 година беше отворен нов погон на Ники ДООЕЛ за обработка на дрво и корпусен мебел. „Денес, конкурентна предност е да можеш да го управуваш целиот производствен процес во секој проект. Ние нудиме еден проектен менаџер и бројни можности за да обезбедиме спокојство на клиентот, а на нас можност да го контролираме со максимална прецизност секој детаљ“, изјавуваат од Ники ДООЕЛ.

 

 

Компанијата нуди изработка на комплетна опрема за производствени претпријатија, хотели или ресторани. Просторните решенија се специјално прилагодени на конкретниот бизнис сегмент и специфичноста на местото, а разновидноста на материјали, како црн и нерѓосувачки челик, месинг, дрво, стакло, акрилик и пластика, го обезбедуваат бараниот квалитет.

 

 

Компаниите Ники ДООЕЛ и Ники Ротор Авијешан ДОО бараат да приклучат кон своите тимови висококвалификувани и мотивирани специјалисти за позициите Авионски инженер и Конструктор-технолог, кои да бидат проводник на корпоративната култура и традиции.

 

Адреса: Бугарија, 2161 Правец, плоштад Освобождение 1

Телефон: +359 884 762 385, +359 7133/48 00

Е-mail: office@niki-ltd.com

 

Повеќе информации за Ники ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјалНики ДООЕЛ 

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »