In Bulgarian In Romanian
Анима Груп Инвестмент - компанија која доставува храна до ресторани и трговски објекти, има клучна за својата активност ладилна база во Софија. Асортиманот складиран во неа вклучува овошје и зеленчук, како и разладена и длабоко замрзната храна. За да се одржи високиот квалитет на производите, ладилната база ги исполнува сите барања за прецизно пресметани температурни вредности, кои се разликуваат во зависност од спецификите на соодветниот складиран производ. За одржување на посебните температурни режими, односно квалитетот и соодветноста на прехранбените производи, во секоја просторија се врши постојан мониторинг на температурата. И како одговор на зголемената побарувачка на пазарот, компанијата имплементира механизирани мобилни и конвенционални системи на полици кои водат до подобро искористување на просторот и зголемување на капацитетот за складирање (број на места за палети). За подготовка на персонализиран хибриден проект и зонирање на магацинот, компанија нарачувач им се доверува на докажаните интегратори од STAMH. Детали за задачата и системите од полици ќе ви ги презентираме во коментарот што го дадоа специјалистите на STAMH.
Меѓународната компанија STAMH Group е еден од лидерите во обезбедувањето на персонилазирани решенија за иновативна магацинска опрема. Главните типови на опрема во портфолиото на компанијата се статични системи со полици, индустриски роботи, автоматизирани магацински системи, машини и висококвалитетна индустриска и магацинска опрема.
„Во проектот за Анима Груп Инвестмент моравме да земеме предвид два главни фактори“, додадоа од компанијата. Тоа се температурни режими кои достигнуваат -20 oC, како и нестандардни димензии на ладилниот магацин - 11,7x57,4 m. „Нашата улога вклучува проектирање, зонирање на просториите и комбинирање на различни типови системи со полици, со што требаше да го оптимизираме просториот и сите процеси на примање, складирање и извлекување на палети. Ова вклучуваше проектирање и изградба на мобилни магацински системи и конвенционална полици, при што целта беше да се извлече максимумот од достапниот волумен во магацинот“, објаснија експертите од STAMH Group.
Според проектот се реализирани 2 магацински системи со вкупно 5 нивоа на редење во висина. „Имплементираната комбинација вклучува конвенционална полици за 600 палети и мобилни системи со полици за вкупно 748 палети. Планирана е можност и за складирање на 12 дополнителни палети. Тие се позиционирани на специјални конзолни полици кои се додадени на нивоата на редење - 3, 4 и 5“, објаснија експертите.
Уште 2 системи од полици од тип Conventional се проектирани и конструирани во соседната просторија на компанијата. Вкупната површина што тие ја зафаќаат е 1056,78 метри квадратни, а капацитетот на палетните места со кои располага секое од нив е соодветно 420 и 1230. Максималната оптимизација на просторот е остварена со директен и удобен пристап до секоја магацинска единица, и покрај нестандардната форма на магацинот.
Конвенционални системи со полици од STAMH Group
„Конвенционалните системи со полици се погодни кога целта е стабилност, безбедност и брз пристап до секоја палета. Доколку е потребно, се проектираат и се додаваат посебни преодни коридори за да се олесни и забрза работата на сите магацински оператори“, споделија специјалистите од STAMH Group.
Работниот коридор помеѓу секоја полица, како и висината на структурата на полиците се предмет на персонализација. За нивната конфигурација се земаат предвид карактеристиките на виљушкарите и опремата за подигнување, големината на палетите и висината на расположливиот магацински простор. Системот овозможува одржување и буферирање на широк спектар на производи“, објаснија од тимот на STAMH Group.
Мобилни системи со полици
Mobile Racking е мобилен систем за палетни полици. „Тој е едно од најфункционалните решенија за зголемување на капацитетот на магацинот, зачувувајќи ја можноста за директен пристап до секоја палета. Полиците се поставени на мобилни бази. Тие се проектираат и инсталираат на шини кои се вкопани и цврсто фиксирани во подот, не заземајќи дополнителен простор и обезбедуваат непречено поминување на опремата за подигнување. Базите се опремени со мотори, електронско управување и дополнителни безбедносни системи кои гарантираат безбедност и ефикасност во работењето“, коментираа специјалистите на компанијата.
Мобилниот систем со полици има посебен ноќен режим, кој по потреба го распределува единствениот работен коридор на неколку потесни. Ова обезбедува рамномерна вентилација и ладење на сите палети во магацинот, а клиентот може да ги дефинира и автоматизира овие временски интервали.
Адресa: Обиколница и ул. Јордан Бакалов - Стубел 31, 1404 Софија, Бугарија
Телефон: 00359 889 223 117
Е-mail: office@stamh.com
Повеќе информации за Стам Лтд ДОО слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: STAMH (СТАМ)