In Bulgarian In Albanian
Италија често е нарекувана „Bel Paese“, т.е. „прекрасната земја“, но имајќи ги предвид нејзините разновидни кулинарски традиции, таа секако може да биде дефинирана и како „земјата на добрата храна“. „Италијанската компанија Vigap одлучи да го автоматизира процесот на сечење на нивните производи од тесто, што претходно се вршел рачно. Создаденото решение ја вклучува имплементацијата на робот FANUC што користи ултразвучен нож во услови на ограничен простор, што обезбедува совршен и брз производствен процес“, информираа од ФАНУК.
Компанијата Vigap, со седиште во Али Терме, провинција Месина, е една од најважните фирми за производи од тесто во Сицилија. Од 1975 година, Vigap произведува слатки и солени замрзнати пецива за хотели, ресторани, кетеринг компании и барови. Тимот на Vigap секојдневно произведува кроасани, пецива, десерти, полупроизводи (лиснато тесто и друго), лиснато тесто со фил.
Проектот на Vigap е амбициозен: благодарение на оптимизацијата на процесите и воведувањето на роботи во производството, компанијата се стреми да постигне повисоко ниво на раст одговарајќи на барањата на надворешните пазари. Менаџментот на Vigap избра да го автоматизира процесот на сечење на парчиња на готовите печени колачи, што претходно се вршеше целосно рачно. Ова е постигнато со имплементирање во производството на робот опремен со ултразвучен нож, овозможувајќи чисто и прецизно сечење на тортите. На овој начин, процесот на производство на торти се претвора во оптимално хибридно решение помеѓу традиција и индустријализација: традицијата на рачно подготвување на квалитетните состојки се зачувува додека продуктивноста се зголемува.
Според зборовите на Карло Депу, управен директор на компанијата Demur, системски интегратор специјализиран за индустриски роботизирани системи, тесното грло во синџирот за производство на торти е сечењето на парчиња. Тоа се вршело со помош на рачна машина, чиј капацитет изнесувал 300 торти дневно. Demur ја заменува машината со работна ќелија која се состои од робот со зглобна рака и ултразвучен нож. Така, капацитетот на Vigap се зголемува до сечење на 2000 торти дневно, што значи зголемување на продуктивноста за 650%.
„Главниот херој во работната ќелија што Demur ја разви за Vigap е роботот FANUC LR Mate. Ако Vigap се гледа себеси како „врска помеѓу „добро утро“ и „добра ноќ“, FANUC може да се дефинира како „мостот помеѓу доброто производство и уште подоброто производство“, коментираа од ФАНУК.
При сечењето роботот се води од систем за машинско гледање што е во можност да го препознае објектот и да го пресмета неговиот центар на тежина. Ова ја прави машината мултифункционална и флексибилна за време на работа.
Централна канцеларија
Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД
Телефон: +359 2 492 9369
E-mail: service.bg@fanuc.eu
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: FANUC