In Bulgarian In Serbian
Докажаната бугарска фирма Метал Технолоџи Групација АД (MTG) бара нов партнер за извршување на специјални покритија на детали што се произведени од друштвото. Во структурата на холдингот се вклучени три леарници – Осам, Алуком и Центромет, кои произведуваат производи со различни технологии. „За да обезбедиме висококвалитетна и комплетна продукција за нашите клиенти, имаме потреба од сигурен и одговорен партнер, специјализиран во нанесувањето на електрично покритие од цинк и реализацијата на топла галванизација со потопување“, соопштија за BalkanEngineer.com од компанијата.
„Нашиот слоган гласи: „Една групација – многу можности“. И сега, во согласност со него, им даваме можност на фирмите, кои акцентираат на бескомпромисниот квалитет и прецизната работа, да и се придружат на нашата активност“, објаснија од Метал Технолоџи Груп.
Понудата, упатена од МТГ, се однесува на галванизација и поцинкување на детали од леано железо со различни димензии и тежина, така што крајниот производ да одговара на високите стандарди кои ги одржува бугарската индустриска групација. Детална спецификација на бараната услуга може да се види во следната табела:
Марка леано железо
|
Единична тежина
/кг/
|
Проценета количина
/Годишна/
|
Покритие
|
Стандардна БДС EN DIN ISO |
GJS 400-15 |
17.000 |
780 |
галванизација |
DIN EN ISO 2081-FE//ZN12//B |
GJS 500-7 |
0.400 |
40 |
галванизација |
DIN EN ISO 2081-FE//ZN12//B |
GJS 400-18 LT |
2.730 |
600 |
галванизација |
DIN 50961 Fe/Zn12 C |
GJS 400-18 LT |
5.230 |
600 |
галванизација |
DIN 50961 Fe/Zn12 C |
GJS 600-3 |
5.150 |
170 |
галванизација |
EN ISO 2081 - 84 μm. |
GJS 400-15 |
0.9 |
|
топло поцинкување |
EN ISO 1461 - min 70 μm. |
GJS 400-15 |
1.5 |
|
топло поцинкување |
EN ISO 1461 - min 70 μm. |
„Со нетрпение ги очекуваме понудите за извршување на бараната од нас услуга. Тоа е можност да најдеме истомисленици, кои, исто како нас, не дозволуваат компромис во однос на квалитетот на крајниот производ“, коментираа од компанијата. „Се надеваме дека ќе пронајдеме нови партнери, со кои ќе изградиме долгорочни и стабилни односи, кои да се базираат на бизнис етика и на заедничка цел - доверба од страна на клиентите“, резимираа од Метал Технолоџи Груп.
Адреса: Бугарија, Софија 1404, бул. Блгарија, населба Бокар, зграда 18
Телефон: 00 359 2/818 59 59
E-mail: mtg@mtgbg.com, sales@mtgbg.com, hr@mtgbg.com
Повеќе информации за Метал Технолоџи Групација АД слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Метал Технолоџи Групација АД, pixabay.com